Мрежата на нетолеранција

Мрежата на нетолеранција

На 5 август 2021 година, Викиликс ја објави „Мрежата на нетолеранција“ со над 17.000 документи од меѓународно активните десничарски организации HazteOir и CitizenGO. Документите датираат од 2001 до 2017 година и го опфаќаат основањето на CitizenGO и раните активности на двете организации. Документите се од нивните внатрешни системи и опфаќаат нешта како што се: табели на донатори и членови, стратешки документи, писма, финансиски табели и правни и документи за обука.

HazteOir за првпат била основана во 2001 година во Шпанија со цел да се застпаува за вредности на десничарските сили, а во 2013 година ја основала и CitizenGO за да ја прошири својата работа надвор од земјите што зборуваат шпански. Оваа база на податоци го содржи основањето на CitizenGo, како и организациски документи на HazteOir, кои заедно со Центарот за семејство, религија и општество Хауард, со седиште во САД, го организирале Светскиот конгрес за семејства (WCF) во 2012 година во Мадрид. WCF ги обединува десничарските организации кои промовираат отпор кон ЛГБТКИ+ и репродуктивните права, а е етикетиран и како група на омраза од Јужниот правен центар за сиромаштија. Во извештајот на Кампањата за човекови права од 2014 година се вели дека „Светскиот конгрес на семејствата (WCF) е една од највлијателните американски организации вклучени во извозот на омраза “.

Врската на сите овие организации е Игнасио Арсуага, основач на HazteOir и дел од бордот на CitizenGo, кој ја има добиено и наградата „Маж на годината“ за 2013 година од страна на WCF. Претседателот на WCF, Брајан Браун – американски застапник против правата на ЛГБТКИ+, исто така е во бордот на CitizenGo. И HazteOir и CitizenGo се дел од поголема глобална мрежа на десничарски организации кои работат заедно за да ги истуркаат своите вредности во грасрут и политичката сфера.

CitizenGo влегува во партнерства со мноштво на организации со цел да водат кампањи, како на пример кога спроведе петиција со Институтот за истражување на населението „Абортусот НЕ Е човеково право!“. Тие работат на мобилизација на грасрут поддршка и сакаат да нагласат дека ова е нивната база, меѓутоа, преку податоците е јасно дека имаат за цел да соберат големи средства и да влијаат на политиката на високо ниво. Тајната истрага од 2019 година на OpenDemocracy ги потврди врските помеѓу шпанските HazteOir и CitizenGo со десничарските политички партии низ Европа во Шпанија, Италија и Унгарија. Исто така, имаше извештаи за врските со Ел Јунке, тајна милитантна мексиканска група, врска од која HazteOir се обиде да се ослободи.

И HazteOir и CitizenGo ги водат своите кампањи и останатата работа под превезот на семејни вредности, но со сетот на документи е јасно дека нивните вредности се вкоренети во екстремно ултра конзервативен христијански контекст. Тие често работат онлајн, започнуваат петиции, но исто така работат и во физичкиот свет, на пример, нивниот „автобус со омраза“-автобус со светло портокалова боја со слогани како „момчињата се момчиња“ имаше турнеја во Шпанија и Америка.

Викиликс ја објавува оваа база на податоци како дел од нивната цел да ги заштитат цензурираните документи од политичко и историско значење. Вероатно е дека базата на податоци е истата што беше накратко достапна на Интернет во 2017 година, по хакирањето признаено од старана на „Бандата ACAB“, но по правните дејствија беше отстранета од Интернет.

Иако трендот кон десно на глобално ниво станува се повидлив, важно е да се разберат организациите што се инструментални во работата за да се постигне оваа промена. Како важен дел од оваа мрежа, Викиликс верува дека документите што го покажуваат потеклото на CitizenGo се важен дел од јавниот запис.

Уредничката на Викиликс, Кристин Храфнсон, рече: „Бидејќи ултрадесничарските политички групи добија сила во последните години со зголемените напади врз женските и ЛГБТКИ+ права, вреди да се има пристап до документи од оние кои лобираа за овие промени на глобална основа. Луѓето имаат право да знаат каде се изведуваат политиките “.

Како дел од заложбата на Викиликс за зачувување, но и леснотија на користење на големите бази на податоци, тие вложуваат во сигурноста дека не само што оваа база на податоци е зачувана во нивната библиотека, туку дека е исто така пребарлива и добро организирана така што може да ја користат сите.

Тие работат и на редакција на документите, кои содржат многу лични информации кои не се релевантни за политичката важност на податоците. Денес, со задоволство ја додаваат „Мрежата на нетолеранција“ во нивната постојано растечка онлајн библиотека и допринесуваат кон сета вредна работа на оваа тема што им претходеше.

ИЗВОР