13 May Пејачот на Агенст ми! откри дека е трансродово лице
Пејачот на Агенст ми! откри дека е трансродово лице, дека ќе почне да живее како жена и дека отсега ќе се вика Лаура. Досега познат под името Том Гејбел, за магазинот Ролинг Стоун изјави дека отсекогаш страдала од дисконекција со своето тело и дека сега ќе ја отпочне транзицијата кон постанувањето жена.
Нејзината сопруга, со која има две годишна ќерка, останува посветена на бракот и ја подржува нејзината одлука откако Гејбел и кажала дека ќе започне со промена на полот.
Гејбел изјави за Ролинг Стоун: „Најстрашната работа за мене се состоеше во тоа како таа ќе ја прифати оваа одлука. Но, таа беше полна со разбирање“.
Таа изјави: „ Во следниот период ќе поминувам низ срамни моменти и тоа нема да биде забавно. Но, суштината на зборувањето за овие нешта се состои во надежта дека луѓето ќе разберат и дека ќе бидат фер и љубезни“.
Агенст ми! се прославија во 2007-та со висококотирачкииот сингл „Треш анрил“.
На албумот „Њу Вејв“ се најде и песната „Он д’оушн“, во која Гејбел пееше: „Доколку можев да избирам ќе се родев како жена. Мојата мајка ми кажа дека ќе ме крстела Лаура, ќе пораснев во силна и убава жена како неа“.