Стигмата ги ограничува жените-корисници на дрога

Стигмата ги ограничува жените-корисници на дрога

Според студијата „Nowhere to go: How stigma limits the options of female drug users after release from jail“, жените кои употребуваат алкохол и дрога, а се на заминување од затвор, се соочуваат со многу предизвици за успешна реинтеграција во општеството и сериозно се попречени од стигмата врз  корисници на дрога и поранешните затвореници.

Квалитативната студија била спороведена преку индивидуални интервјуа и фокус групи составени од 17 жени кои неодамна излегле од затвор и кои се справуваат со предизвикот на повторно адаптирање во општеството.

Резултатите се организирани во три главни теми, од кои секоја од нив е поврзана со пребродувањето на влијанијето на стигмата: опстанок (работа и домување), пристап до севиси за треман, и реинтеграција во семејството.


Заклучокот од истражувањето е дека овој вид на стигма ја зголемува потребата за  здравствени и социјални сервиси, а во исто време и им го скратува пристапот до ваквиот вид на сервиси. 

Острите социјални политики и политики на дроги кои се однесуваат на вработувањето,
домувањето, образованието, социјалната помош, и третманот на зависности им ја отежнуваат можноста за успех на жените кои користат дрога и на кои им истекува затворската казна.