04 May Николај Алексеев е првото лице кое ќе биде осудено за „геј пропаганда“ во Санкт Петерсбург
Активистот за геј права, Николај Алексеев, стана првиот човек кој ќе биде осуден според неодамнешниот закон против „геј пропаганда“ во Санкт Петерсбург.
Господинот Алексеев е казнет со парична казна од пет илјади рубљи, нешто над сто британски фунти, од страна на судот во вториот по големина град во Русија за промоција на хомосексуалност помеѓу малолетници, се вели во извештај на АП.
Законот беше усвоен минатиот февруари, а ова претставува прв случај еден граѓанин да биде гонет според овој закон. Минатиот арпил, господинот Алексеев јавно држеше знак со паролата „Хомосексуалноста не е перверзија“ пред Смолни Институтот.
Како поранешен новинар, Алексеев целосно се посвети на активизмот за геј правата во 2005-та, создавајќи ја групата за застапување на геј правата GayRussia.ru. Тој често се појавуваше на Руската телевизија и е почитуван од страна на ЛГБТ оргнаизациите од целиот свет.
Тој досега е приведуван во бројни случаи за организирање на нелегални Прајд маршеви и демонстрации за геј права и ги има тужено авторитетите во Москва за забранувањето на овие настани. Исто така, тој мината година најави дека има намера да се повлече.
Минатиот месец, државата агенција за испитување на јавнотот мислење VTsIOM соопшти дека 96 проценти од руралните Руси никогаш не виделе „геј пропаганда“. Во истото истражување се вели дека 85 проценти од граѓаните на Москва и Санкт Птересбург изјавиле дека никогаш не виделе „геј пропаганда“, но сепак 86 проценти од луѓето изјавиле дека ја подржуваат забраната за промоција на хомосексуалноста.