Повик за учество на циклус на обуки

Повик за учество на циклус на обуки

Коалиција Маргини и The Kvinna till Kvinna Foundation во рамките на проектот „Пристап до правда за маргиналзираните заедници“ финансиран од Европската Унија, објавуваат повик за учесници на 3 дводневни обуки, на следните теми: 1. Правна помош на маргиналзиирани заедници; 2. Психо-социјална поддршка на лица од маргиналзирани заедници или групи; и 3. Комбинирање на правна и психо-социјална подршка. Обуките ќе се реализираат во следниот период: 1. Меѓу 5 и 15 јули, 2. Меѓу 17 и 21 август и 3. Меѓу 14-18 септември  2020 година. За време на обуките ќе се почитуваат препораките и насоките за организирање на настани во време на пандемија. Би сакале да нагласиме дека постои можност обуката да се одвива онлајн.

Обуките ќе покријат теми кои се однесуваат на давање на услуги на припадници на маргинализирани заедници (ЛГБТИ, жени и девојки, лица со попреченост, лица кои употребуваат дроги, роми, работници и сл.) со фокус на давање на пакет услуги за правна и психо-социјална поддршка и помош. Иновативниот пристап во нудење на сервиси за маргиналиираните заедници се однесува на давање на пакет услуги кои ја обединуваат работата на адвокатите и психолозите. Поврзувањето на адвокатите и психолозите резултира со сеопфатен третман на жртвите на прекршувања на човекови права и креирање на индивидуален пристап во пружањето на помош на припадниците на маргинализираните заедници.  Целта на обуките е учесниците да се стекнат со нови знаења и да се подготват истите практично да ги применат во понатамошните активности во рамките на проектот, а и во нивната понатамошна работа.

Обуките се наменети за здруженија на граѓани, правници, адвокати и психолози, а се со седиште во Полошкиот, Вардарскиот и Источниот Плански регион на државата. Од избраните учесници се очекува да присуствуваат на сите три обуки кои се меѓусебно поврзани, за да се овозможи нивно вклучување во сите понатамошни активности од проектот.

Методологијата на работа на обуката се базира врз принципот на неформално образование кое вклучува интеракција и практична работа со учесниците.

Бројот на учесници е ограничен. Обуката е бесплатна и ќе биде реализирана (онлајн или во живо) на македонски јазик од страна на искусни обучувачки. Доколку обуката не се одржи онлајн, за учесниците ќе биде обезбеден организиран превоз, хотелско сместување и работни материјали.

Поттикнуваме пријавување на најмалку 2 претставнички/ци од организација (правници и психолози), со различен степен на искуства и знаења од областите кои што ќе бидат покриени со обуките, со цел зајакнување на капацитетите на самата организација и оспособување за понатамошно работење. Сите заинтересирани за учество можат да се пријават со пополнување на формуларот за учество достапен на:

https://forms.gle/VTamzwLYtWVnyHaM9, најдоцна до 01. 07. 2020

 

За сите дополнителни информации во врска со обуките, ве молиме контактирајте не на на следниот имејл: koalicijaszmz@gmail.com или на телефон 02/ 3214269

Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации.