01 May Ecce homo (сексуалност)
Додека повеќето политички партии и претседателски кандидати паушално се изјаснуваат за правата на ЛГБТ популацијата, во точката 18. на „Иницијативата за спас на Србија“, документот кој го состави уредништвото на списанието „Нова српска политичка мисла“, се повикува на забрана на хомосексуалната пропаганда и промоција помеѓу малелетни лица каква што теориска рамка му даде НСПМ на својот став.
На половината на април, редакцијата на „Нова српска политичка мисла“ (НСПМ) објави документ во кој, како што е соопштено, уредништвото работело подолго време. Станува збор за „Инцијативата за спас на Србија“, документ за кој уредништвото изрази надеж дека некоја од изборните листи на претстојните парламентарни избори ќе го прифати како сопствена платформа. Нешто подоцна, позади оваа инцијатива застана листата „Никој од понудените одговори“ (НОПО). Меѓутоа, особено е интересна точката 18. која повикува на забрана на хомосексуална пропаганда и промоција помеѓу малолетни лица. Со оваа точка, НСПМ, а заедно со нив и НОПО, јасно го изразија својот став за хомосексуалноста и проблемите на ЛГБТ лицата во Србија. Изминативе денови Геј-стрејт алијансата (ГСА) спроведува истражување за ставовите на полтичките партии и претседателски кандидати наспрема ЛГБТ популацијата. Повеќето политички партии својот став го изразуваа прилично паушално, задржувајќи се на констатацијата дека сите граѓани треба да бидат еднакви и дека ничија безбедност не треба да биде загрозена. Во Демократската партија рекоа дека за нив сите граѓани се еднакви и дека борбата против дискриминацијата ќе биде основниот принцип и во нивната предизборна кампања: „Сите претходни години се боревме за рамноправност на секој граѓанин за Србија. Направивме големи чекори во борбата против дискриминацијата – донесовме Закон за забрана на дискриминацијата, и направивме институт за рамноправност“ – наведоа во ДП. Во Српската напредна парија не се занимаваа сериозно со дискриминацијата на геј популација, но, на кратко одговорија дека се занимаваат со проблемите кои ги мачат сите граѓани. Истражувањето на ГСА покажа дека ЛГБТ популацијата има најмногу верба во Либерално-демократската партија, која воедно дава и најголема подршка во борбата за ЛГБТ права. Марко Караџиќ од ЛДП изјави дека неодамна во рамките на партијата постои комесаријат кој се занимава со заштитата на човековите права и борбата против дискриминацијата: „Превенцијата, едукацијата и санкцијата се трите основни елементи во борбата против дискримацијата и насилството врз ЛГБТ малцинството. За ЛДП сите граѓани се еднакви, без разлика на личните својства“- вели Караџиќ.
Во Обединети региони на Србија велат дека граѓаните не ги делат на геј и стрејт, но, дека треба сите да имаат еднакви права, додека пак Драган Марковиќ-Палма од Единствена Србија, очекувано изјави: „Хомосексуалците не ме интересираат. Изборната кампања е во тек.“
Право и како да го стекнете: Исто така очекувано, со оглед дека станува збор за редакција на списание за „политичка теорија и општествени истражувања“, па потоа за листа која ќе се кандидира на парламентарните избори, НСПМ на својот став му даде и теориска рамка. Најновиот број на списанието тематски е насловен „Политика на (хомо)сексуалноста“. Во воведот на новиот број на списанието стои дека читателот во него ќе најде текстови на Слободан Антониќ, Душан Маљаковиќ, Петар Анѓелковиќ, Марио Калик, Слободан Јанковиќ и Владимир Димитриевиќ, кои се пишувани со „амбицијата систематски да се изложи еден став или еден поглед на проблем“: „Веруваме дека плурализмот на овие ставови и погледи е важна вредност на овој наш тематски блок, вредност која денеска генерално, а посебно кога станува збор за ова прашање, е доста ретка дури и во академските кругови, па затоа уредништвото на списанието особено се гордее со неа“.
Со оглед на тоа дека точката 18. на „Инцијативата за спас на Србија“ бара забрана на „хомосексуалната пропаганда и промоција, јасно е дека уредништво на списанието ја смета хомосексуалноста како штетна, барем за малолетни лица. Затоа не би било лошо да се разгледаат аргументите на најновиот темат на НСПМ и да се укаже на нивните слабости. Тематот го отвара текстот на Слободан Антониќ „Геј движењето и борбата за признавање“ во кој авторот поаѓа од тоа дека агресијата наспрема ЛГБТ луѓето е често предмет на расправи и критики, додека нетолеранцијата која ја покажуваат поедини геј активисти е слабо истражен феномен. Оттаму трудот на Антониќ ги истражува причините за агресијата која доаѓа од редовите на ЛГБТ движењето. Заклучокот до кој тој доаѓа е дека корените на агресивноста на поедини геј активисти лежат во тоа што „тие всушност веруваат дека им се ускретени одредени права – како правото на брак или на посвојување деца – поради што чувствуваат одредена лутина и повреденост“. Понатаму Антониќ преоѓа на испитување дали правата на ЛГБТ лицата се навистина загрозени со тоа што им е оневозможено стапувањето во брак и посвојувањето деца. Доколку бракот го разбереме како договор помеѓу две личности, ограничување на тоа право на разнополови парови преставува дискриминација, вели Антониќ. Меѓутоа, тој смета дека бракот треба да се види во друга димензија која тој ја означува како вистинска. Накратко, постои цел корпус на права кои можат да се добијат само доколку се исполат одредени услови. Како примери, тој наведува дека за да се има право на гласање граѓаниот треба да има државјанство, додека за остварувањето на правото на студирање неопходно е да се заврши средно училиште. Слично на тоа, услов за правото на брак е пронаоѓањето на партнер од спротивниот пол, од што според Антониќ призлегува дека ЛГБТ лицата не се дискриминирани.
Слабата страна на овој став се состои во тоа што, кај правата што подразбираат исполнување на одредени услови, законот предвидува процедура за исполнување на тие услови. Со други зборови, постои јасно прецизирана процедура на добивање на државјанство, а со него и можноста да стекнување право на глас. Исто така, образовниот систем ја регулира процедурата за стекување со диплома од средно училиште која со себе ја повлекува можноста за студирање. Пронаоѓањето на партнер, меѓутоа, не е условено со процедура, туку со сексуална привлечност. Односно со природната склоност спрема лицата од спротивниот или истиот пол. Како би изгледала процедурата со чија помош лицата со хомосексуална ориентација би дошле до партнер од спротивниот пол е тешко да се замисли. Антониќ, донекаде би можел да се одбрани од ова, бидејќи како други примери за права за кои постојат услови за остварување ги наведува правото на старечки дом. Правото на оваа институција се остварува со одердена старост, што би се рекло, со природно својство. Меѓутоа, старечките домови се право кое служи на тоа да се одговори на одредени потреби на граѓаните предизвикани од природата. Таму каде што природните вродени својства ги спречуваат граѓаните да остварат некои права, тука влегува општеството. Оттаму се и рампите за инвалидите кои на лицата кои отежнато се движат им го олеснуваат пристапот до одредени објекти, оттаму се и учебниците со Браева азбука и разни други примери на човечкиот стремеж да се овозможи еднаквост во правата без разлика на различните природни услови и можности.
Состојба и облик: Свој допринос во негирањето на вистинската дискриминација на ЛГБТ лицата дава и авторот Петар Анѓелковиќ во делото „Политизација на полната насоченост и нејзините последици“. Неговите аргументи, меѓутоа, потполно можат да се побијат со оглед на тоа што се случува во реалноста. Анеѓелковиќ почнува со разликувањето на личните и општествени права и слободи, сметајќи дека геј активистите сакаат своите лични слободи да ги престорат во општествени, а потоа кртитиката на таквото делување ја прогласуваат за напад на личното определување. „Се додека поединецот го чува тоа нешто во доменот на приватноста, јавноста нема право да ги проценува неговите склоности, а секое кршење на тоа правило е кршење на законот„ – вели Анѓелковиќ, несфаќајќи дека хетеросексуалните поединци своите лични склоности ретко кога ги задржуваат во доменот на приватноста. Напротив, многу се склони кон држењето за рака, љубењето во јавност, а прославата на склопувањето брак, кај народот позната како свадба, во својата суштина е многу гласна и приметлива, дури од голема одалеченост. Анѓелковиќ продолжува со констатацијата дека практикувањето на личните склоности често може да биде противречно на стандардите на пристојноста и вкусот на социјалното мнозинство, така што изнесувањето од сферата на приватноста на одредни облици на одесување кои јавноста ги смета за бизарни или непристојни, себе си се поставува како објект на јавна проценка, критика и исмејување. Се што е изнесено во суштина е точно. Во коренот на овој аргумент лежи една комична забуна на релација јавност- ЛГБТ активисти. Залагајќи се за јавнотото покажување на своите склонисти, ЛГБТ активистите не бараат за себе ништо повеќе од она што спаѓа во широко распросранетите облици на однесување на хетеросексуалното мнозинство. Значи повторно се враќаме на држењето на раце и љубење во паркот. Не преставува реткост дел од противниците на ЛГБТ активизмот да сметаат дека под јавна демонстрација на хомосексуалноста спаѓаат сексуалните односи на јавно место. Но, тоа е непристојно и бизарно и во случајот на хетеросексуалците, па е нејасно каде води ваквиот став.
По низата од стандардни традиционалистички аргументи против истополовите бракови и посвојувањето на деца (државата го регулира бракот за да општеството се репродуцира, а не затоа што секој има право на љубов, додека децата во истополовите бракови се хендикепирани затоа што се осудени на живот без мајка или без татко), Анѓелковиќ доаѓа до чуден заклучок дека „хомосексуалноста не е состојба, туку облик на одесување“, а однесувањето со себе повлекува и етички последици во општестовото, особено ако е јавно. Тоа би значело дека и хетеросексуалноста не е состојба, туку облик на одесување. Да се пренесат нештата на овој терен би било навистина згодно, затоа што може да се пројде на дискусија за облиците на однесување кои во главно можат да се корегираат, санкционираат и промовираат. Анѓелковиќ се обидува да ги пренесе нештата на теренот на облик на однесување за да би можел да оперира со поимите на нормално и ненормално, меѓутоа, почетната точка воопшто не држи. Сексуалната ориентација, каква и да е, не е облик на однесување. Факт е дека една личност може го проживее сопствениот живот, а својата сексуалност никогаш да не ја исполни, без разлика дали е ориентирана кон спротивниот или истиот пол.
Со политиката на сексуалноста во новиот број на „Нова српска политичка мисла“ се занимаваат уште три авторски трудови. Душан Маљковиќ од центарот за квир студии од Белград, ја претставува критиката на „идеологијата на хомосексуалноста“ од позицијата на левицата, која го отфрлува бракот како надмината општествена инситуција, па, со самото тоа и залагањето за геј бракови го означува како залагање за една репресивна, патријархална институција која го задушува индивидуализмот. Марко Калик од Факултетот за култура и медиуми во Белград, поаѓа од препоставката дека хомосексуалноста е неморална поради тоа што ставовите на Кантовата филозофија на моралот се такви: кога би важела универзално, светот би бил осуден на пропаст, па сопред тоа, вели Калик, хетеросексуалноста мора да остане темелна и доминатна сексуална ориетација. Грешката овде се состои во неразбирањето на поимите. Никој во ЛГБТ движењето не бара изедначување на сексуалните ориентации, туку за изедначувањето на правата на луѓето со различни сексуални ориентации. Изедначувањето на ориентациите би значело, на пример, барањето да постојат квоти за хомосексуални и хетеросексуални ориентаци, а таквото барање во најмала рака би било лудост. Таа работа ја регулира природата, а според неа, хетеросексуалноста е сеуште далеку најдоминатната сексуална ориентација. Во таа смисла дискутабилно е што всушност значи „хомосексуална пропаганда“ од почетокот на приказната. Ако огромното хетерсексуално мнозниство не успева да ја „промовира“ својата ориентација и покрај се што во ова општетво му оди во прилог дека таа е „повеќе посакувана“, „понормална“, „повеќе морална“ па во ова општество сепак постојат ЛГБТ лица, затоа не може да се замисли дека е можно да се одигра истиот процес во обратната насока.
Кратка постапка: Да го немаше и последниот труд во делот на магазинот кој теориски ја разгледува политиката или идеологијата на ЛГБТ движењето, новиот број на „Нова српска политичка мисла“ би можел да се смета за еден критички осврт на геј активизмот. Меѓутоа, трудот на Слбодан Јанковиќ „ За хомосексуалноста, педофилијата и Законот за забрана на дисриминацијата“ ја сместува хомосексуалноста во патологијата и менталните пореметувања, со отворена намера да ја изедначи со педофилијата. Тој труд на целиот број му дава потополно поинаков контекст, оној во кој во вода паѓа секоја вистинска намера проблемот да се разгледа ладно и теориски, сведувајќи ја хомосексуалноста на точката 18. на „Инцијативата за спас на Србија“ која вели: „Тоа треба да се забрани“.
Преземено од http://www.vreme.com/cms/view.php?id=1048739