30 Apr Расел Бренд побара декриминализација на дрогите во Англија
За време на неговото обраќање во Парламентот, Расел Бренд побара зависниците да бидат третирани со „љубов и сочуство“, барајќи реформа на политиката за дроги.
Бренд им кажа на пратениците дека повеќе пари треба да се пренаменат на третман и образование на корисниците на дроги отколку за нивното казнување, и предложи министрите да размислат за декриминализација.
Тој кажа дека постоечките политики не успеваат во превенцијата на зависноста и злоупотребата на дроги и додаде дека „промената на законите“ го нуди најдоброто решение.
Шегувајќи се дека од некои луѓе ќе биде виден како „непожелен поранешен зависник“, тој изјави дека неговата клучна порака преставува дека е потребно да се посвети внимание „духовните“ и менталните проблеми на зависниците од дроги со цел нивните проблеми бидат решени.
„За овој проблем ни е потребна чесност и афтентичност“ – тој им порача на пратениците. „Потребно ни е да покажеме љубов и сочуство кон сите кои се инволвирани во овој проблем, но, не бидејќи тоа звучи убаво, туку затоа што на тој начин вистински се справуваме со проблемот“
На прашањето од комитетот да потврди дали бил привдедуван „грубо дванаесет пати“, г-динот Бренд одговори „Да, беше грубо“.
Тој изјави дека полицијата ја работела работата која била „потребна“, но подоцна додаде дека парите кои се трошат за апсења е подобро да се потрошат на третман и образование.
Тој изјави дека не предлага легализација, туку дека искуствата од Португалија и други земји покажуваат дека декриминализацијата може да успее и да обезбеди ресурси за фокус на третман, а не казнување.
Бренд додаде дека смртта на Ејми Вајнхаус минатата година не била „залудна“, туку преставува поттик за промена и добра политика.
Тој исто повика апситенцијалните програми да ги третираат и зависниците од дрога, но, и оние од алкохохол, кој тој ги смета за поврзани, и предупреди дека лесната достапност на алкохолот придонесува до ситуација во која е тешко да се одбие искушението.
Бренд во моментот прави докуметарец на БиБиСи за злоупотребата на дрога и можните решенија. Тој досега ги има споделено своите искуства со својата борба со зависноста од дрога пред да се реши на детоксикација и рехабилитација.
Тој им кажа на паралметарците, дека се опоравува веќе девет години и дека станал патрон на организацијата Фокус 12 која му помогнала да ги надмине неговите проблеми.