
17 Dec Јавен оглас за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
На седницата одржана на 12.12.2019 г. Собранието на Р.Северна Македонија донесе Одлука за објавување јавен оглас за избор на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
При изборот на првиот состав на Комисијата, согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, четири члена се избираат со мандат од пет години, а три члена со мандат од три години, со право на еден повторен избор.
Одлуката е достапна на следниот линк.