Не ги принудувајте децата да прегрнуваат или бакнуваат некого кога тие не го сакаат тоа

Не ги принудувајте децата да прегрнуваат или бакнуваат некого кога тие не го сакаат тоа

Веројатно сме генерација која што израсна необразована за што било во врска со согласноста. Ниту училиштето, ниту нашите родители не нѐ учеа за согласност, особено не за согласувањето надвор од разговорите за интимноста „во кревет“, како на пример – за давањето на согласност за прегратки. За среќа, времињата се менуваат и сѐ повеќе деца учат за согласноста и за фактот дека нивните тела се само нивни и дека имаат право да кажат „Не“.

Со празничната сезона во тек само помислете на тоа колкупати како деца сте биле принудени да прегрнете или бакнете некого кога не сте сакале да го направите тоа. Вашата роднина доаѓа на гости, на пример, а вам ви е кажано дека треба да ја прегрнете иако не сакате. Секако, возможно е да помислите дека децата не знаат за согласност, но тоа е погрешно. Децата треба да ги применуваат стекнатите знаења за согласноста уште од мали и доколку вашето дете вели „Не“ или изгледа како да не сака да му даде некому прегратка или бакнеж – немојте да го принудувате на тоа!

Проблемот е во тоа што сме научени да бидеме „љубезни“ и затоа и ги учиме нашите деца на истото. Ако сте жена, веројатно е дека сте го искусиле ова во својот живот. Не сте сакале да повредите нечие его, или да се ставите себеси во опасност, па едноставно сте прегрнале или бакнале некого. Ова е причината поради која треба да ги учиме нашите деца дека иако треба да се љубезни, дека не треба да прават некои работи само затоа што им се кажани или, пак, од страв.

Ваквото постапување влијае врз детската самодоверба и ја порекнува телесната автономија на децата. Затоа, наместо да ги принудувате да влегуваат во непожелна интеракција со некои луѓе, поддржете ги и кажете им на возрасните дека едноставно ќе треба да се справат со недобивањето на бакнеж или прегратка од вашето дете. Сѐ започнува од дома!

Извор.