23 Jul Конкурс за работен ангажман – Проектен/на координатор/ка
Коалицијата МАРГИНИ објавува конкурс за работно ангажирање на определено работно време на работното место: Проектен/на координатор/ка. Работниот ангажман е до крајот на 2019 година со можност за продолжување.
Работни задачи:
- Спроведување на проектните задачи од проектот „Промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници“
- Следење на состојбата со човековите права на маргинализираните заедници во Македонија (ЛГБТИ, маргинализирани жени, лица кои живеат со ХИВ, сексуални работници/чки и луѓето кои употребуваат дроги);
- Следење на меѓународните трендови за заштита на човековите права;
- Учество во спроведување на тековните активности на Коалицијата како конференции, дебати, истражувања, кампањи и сл.;
- Комуникација, координација и соработка со партнерите на Коалицијата и целните групи.
Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:
- Завршен факултет (општествени или хуманистички науки)
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутер
- Најмалку три години работно искуство во областа на човековите права, или владеење на правото.
Предност ќе имаат кандидатите/ките кои:
- Имаат искуство во работа со маргинализирани групи.
- Имаат искуство во граѓанска организација.
- Имаат изградени капацитети за тимска работа, комуникациски вештини, самоиницијативност и посветеност.
Рок и начин на аплицирање
Заинтересираните кадидати/ки треба да ги испратат следните документи, најдоцна до 01.09.2019 година 17:00 часот на koalicijaszpmz@gmail.com со назнаката „Проектен/на координатор/ка“:
- Кратка биографија
- Мотивационо писмо
- Скенирана диполома или уверение за завршен факултет
- 1 препорака од претходно работно искуство
Кандидатите/ките кои не се во можност бараните документи да ги достават на e-mail адреса, истите можат да ги достават на адреса: ул. Франклин Рузвелт бр. 8/1-7, 1000 Скопје, најдоцна до 01.09.2019 година 17:00 часот.
Начин на избор на кандидатите/ките:
Кандидатите/ките кои ќе ги достават бараните документи и ќе влезат во потесен круг на избор ќе бидат повикани на интервју. Известување за резултатите од конкурсот, кандидатите/ките ќе добијат на e-mail најоцна до 05.09.2019 г. Избраниот/ната кандидат/ка се очекува да почне на работното место од 01.10.2019.