Промоција на Годишниот извештај за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници

Промоција на Годишниот извештај за сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници


Коалицијата ’Сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници’ во четврток, 19.04, во 11.00 часот, во просториите на
НВО Инфоцентар (Никола Тримпаре бр. 18 1/5) ќе организира прес конференција по повод објавувањето на Годишниот извештај за ситуацијата со сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници.

 

Збор на прес конференцијата ќе земат Славчо Димитров, Извршен директор на Коалицијата, Ирена Цветковиќ, Координаторка на Коалицијата и Жарко Трајаноски, експерт за човекови права и автор на Извештајот.

 

Годишниот извештај е произлезен во согласност со една од долгорочните стратешки цели на Коалицијата, односно да врши постојано мониторирање, документирање и известување за состојбата со сексуалните и здравствените права на припадниците на маргинализираните групи, како што се лезбејките, гејевите, бисексуалците и трансродните лица, мажите кои имаат секс со мажи, корисниците на дроги, сексуалните работници/чки и лицата со ХИВ/СИДА.

 

Сознанијата од овој првичен извештај се засновани не само врз документираните индивидуални случаи (кои беа пријавени кај членките од коалицијата, идентификувани од страна на мониторите или дознаени од медиумите), туку и врз постојаното следење на политиките и легислативата која непосредно или посредно влијае на промоцијата, остварувањето и заштитата на сексуалните и здравствените права на припадниците на маргинализираните групи.

 

Подетални информации околу конкретни случаи, вклучително со барањата и препораките кои произлегуваат од овој извештај, ќе бидат презентирани на самата прес конференција.