ILGA – Europe: Годишен извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето

ILGA – Europe: Годишен извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето

Денес ILGA-Europe го објави Годишниот извештај за состојбата со човековите права на ЛГБТИ луѓето во периодот јануари-декември 2018 година. Поглавјето за СевернаМакедонија е подготвено во координација со експерти од земјава.

Целосниот извештај е достапен тука.

Поглавјето за СевернаМакедонија е достапно тука.

Азил

Новиот Закон за меѓународна и привремена заштита усвоен во април, ги признава сексуалната ориентација и родовиот идентитет (СОРИ) како основа за барање азил или заштита, според дефиницијата за “социјална група”. За првиот документиран случај на лице кое бара азил врз основа на прогон заради сексуална ориентација поднесен во ноември 2017 година, не е донесена одлука, преминувајќи ги сите законски рокови. За жал, не постојат конкретни мерки за спречување насилство против ЛГБТИ баратели на азил во центрите за азил или во притвор. Барателот на азил за кој станува збор е сместен во ЛГБТИ шелтерот и соработката помеѓу граѓанското општество и властите беше добра.

Говор мотивиран од предрасуди

Кривичниот законик сè уште експлицитно не ги регулира говорот на омраза и злосторства од омраза врз основа на СОРИ. Во 2018 година, НВО-та документираа 19 случаи на говор на омраза во медиумите, вклучително и на социјалните медиуми, и 26 случаи на јавни места. Комисијата за заштита од дискриминација, Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи не успеваат да ги решат овие случаи. Последната ЛГБТИ кампања за подигање на јавната свест “Не суди кој кого љуби” во ноември, предизвика значителни нивоа на говор на омраза на социјалните медиуми.

Насилство мотивирано од предрасуди

Невладините организации документираа 43 злосторства од омраза против ЛГБТИ лицата во 2018 (до ноември). Во отсуство на закони за злосторства од омраза кои се инклузивни за СОРИ, нападите врз ЛГБТИ Центарот за поддршка и активистите од претходните години остануваат нерешени, и покрај доказите и ветувањата на владејачката партија.
Транс луѓето, особено транс сексуалните работници се најмногу изложени на насилство. Македонија ја ратификуваше Истанбулската конвенција во март 2018 и усвои акционен план за нејзино спроведување. Ова може да обезбеди поширока заштита за транс луѓето. Според неодамнешните истражувања во транс заедницата, сите испитаници имаат искусено насилство.

Образование

ЛГБТИ младите продолжуваат да се соочуваат со вознемирување и малтретирање во училиште. Законот за основно образование и Законот за средно образование во моментов се менуваат и организациите на граѓанското општество ги поднесоа своите предложени измени и дополнувања на законот во 2018 година.

Еднаквост и недискриминација

Новиот предлог-закон за заштита и спречување на дискриминација, кој ги вклучува СОРИ како основа за дискриминација, беше презентиран пред Парламентот. Се очекуваше да биде усвоен во јуни, но сè уште е во тек. По усвојувањето, сите закони ќе бидат мора да бидат изменети и да ги вклучат СОРИ во нивната антидискриминациска клаузула.
Во февруари 2018 година, Интерпарламентарната работна група за ЛГБТИ права одржа седница во Собранието за прв пат. Групата се состои од 14 членови од различни партии и двајца независни пратеници. Групата, основана минатата година, активно работи со ЛГБТИ организациите и има за цел да обезбеди законодавство во согласност со новиот закон против дискриминацијата. Тие веќе поднесеоа измени на Законот за медиуми за вклучување на СОРИ во анти-дискриминациската клаузула.
Невладините организации документираа 18 случаи на дискриминација оваа година, вклучително и во здравството, пристапот до добра и услуги и образованието. Транс луѓето се особено ранливи на дискриминација при вработување.

Слобода на собир

Скопскиот викенд на гордоста во јуни и конференцијата ЕРА во октомври се одржаа без инциденти. Културните настани на Викендот на гордоста ги посетија над 500 луѓе. Сепак, се случи хомофобичен напад на феминистичкиот настан Пич Прич. ЛГБТ Јунајтед Тетово се обиде да организира “Квир Ифтар”, но го откажа настанот поради говор на омраза и закани.

Слобода на изразување

Пристапот до меинстрим медиумите за ЛГБТИ организациите останува ограничени и медиумите ретко ги покриваат ЛГБТИ вестите.

Здравје

Два случаи беа документирани оваа година, од геј мажи кои се соочуваат со дискриминација во здравството врз основа на нивната сексуална ориентација. Три лица кои живеат со ХИВ, исто така, пријавија дискриминација (геј маж, транс жена и една цисродова стрејт жена) до НВО. И покрај бесплатната правна помош, никој од жртвите не го пријавил случајот. Документирано е зголемувањето на бројот на ХИВ инфекции кај МСМ. Организациите од граѓанското општество се загрижени дека буџетот распределен од државата за да се одговори на овој пораст на инфекции не е доволен.

Бранители на човекови права

Активистите на ЛГБТ Јунајтед Тетово добија бројни закани (види Слобода на собир). Адресата и фотографиите на директорот и беа објавени на интернет и тој привремено морал да избега од Тетово со семејство за нивната безбедност. Извршителите биле пријавени во полиција и поднесени се кривични пријави против 11, врз основа на закани за животот на член на маргинализирана заедница.
Активностите за зајакнување на капацитетите на транс-заедницата продолжуваат и неформалната транс организација TransForma е основана.

Полиција и спроведување на законите

Шест случаи на полициска злоупотреба биле документирани во 2018 година. Дури и во случаи кога одреден полициски службеник бил идентификуван, не следела истрага или казна.

Јавно мислење

Според една студија на Светска банка, Македонија е една од земјите кои имаат најмалку прифаќање за ЛГБТИ луѓето во регионот. Сепак, претставниците на владата имаат поотворена поддршка.
Конференцијата ЕРА беше организирана во партнерство со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за надворешни работи, и Интерпарламентарната работна група за права на ЛГБТИ. Се одржа национална ЛГБТИ кампања во соработка со пратениците и локалните тела за антидискриминација во декември во два града. Скопскиот викенд на гордоста доби грант од Министерството за култура.