18 Dec Студио 1 дебата: Дискриминација на трансродовите луѓе во Македонија
Вчера вечер (17.12.2018), во отвореното студио на 1ТВ – Студио 1 новинарот (водител и уредник) Сашо Ордановски отстапи простор за дискусија за проблемите на трансродовите луѓе во Македонија. Во студиото гости му беа Наташа Бошкова и Славчо Димитров од Коалиција Маргини – активисти кои веќе 10 години активно работат на оваа проблематика. Исклучително важно е што во емисијата им се отстапи простор и на активистите од ТрансФорма (првата група на трансродови луѓе и активисти за трансродови права во Македонија) Игор Раиден и Алекс Ристовски кои прецизно посочија кои се секојдневните проблеми на луѓето од оваа заедница и кои се нивните барања.
Во продолжение проследете ја емисијата во целост: