15 Nov Анкета која има за цел да ја процени свеста за Целите за одржлив развој (SDG)
12 Ноември 2018 година: Сојузното министерство за животна средина, заштита на природата и нуклеарна безбедност на Германија (БМУ), во соработка со консултантската фирма Schlange & Co и Универзитетот Јејл, започна со истражување за да го идентификува степенот на разбирање на одржливоста и Целите за одржлив развој и да се подигне свест за истите низ целиот свет.
Глобалното истражување за одржливост и Целите за одржлив развој се насочени кон поединци и претставници на политиката, бизнисот, академијата, медиумите и граѓанското општество, како на национално, така и на меѓународно ниво. Накратко, ги претставува Целите за одржлив развој и поставува прашања за да се утврди: свеста за одржливост; кои Цели (SDGs) се во непосредна грижа за испитаниците од анкетата и нивното семејство; и проценка на состојбата поврзана со избраните Цели во рамките на изминатите 12 месеци. Исто така, вклучува и прашања во врска со: активности преку кои се зема предвид одржливоста, како што се купување на стоки и услуги, одгледување и едукација на деца, гласање, храна и исхрана, слободни активности, транспорт и мобилност; и актери кои треба да имаат поголема одговорност за одржливоста и тоа дека треба да промовираат имплементација на Целите на ниво на земјата.
Онлајн анкетата беше лансирана во септември 2018 година и ќе биде достапна до март 2019 година. Резултатите се очекува да бидат јавно обелоденети и дискутирани со претставници од сите сектори. [Global Survey webpage]