05 Oct Правна победа за транс луѓето – Европското тело за човекови права остро ја критикува стерилизацијата во Чешка
Чешка ги крши човековите права на трансродовите лица загарантирани од Европската Социјална Повелба, се вели во одлуката објавена изминатиов понеделник. Случајот беше заеднички донесен од Transgender Europe и ILGA-Europe во 2015 година, во соработка со локалните активисти кои користеа колективен механизам за жалби. Ова е првиот случај на трансродова дискриминација, одлучен според таа постапка.
“Задоволни сме од одлуката на Комитетот. Присилната стерилизација на транс луѓето се уште се случува во Чешка. Ова е нечовечно и мора да престане!” – коментираат двете мрежи.
Комитетот на Социјалната Повелба утврди дека законскиот услов за трансродовите лица во Чешка да се подложат на медицинска стерилизација со цел да се препознае нивниот родов идентитет, сериозно влијае врз здравјето, физичкиот и психичкиот интегритет на личноста и достоинството. Комитетот ја истакна важноста на правото да се даде согласност при пристап до медицински третман:
“Гаранцијата на согласност е од фундаментално значење за уживањето на правото на здравје и е составен дел на автономијата и човековото достоинство и обврската за заштита на правото на здравје” (параграф 82)
Комитетот потврди дека признавањето на родот само по себе е право признаено со меѓународниот закон за човекови права. Повторувајќи го Европскиот Суд за човекови права, Комитетот изјави дека транс луѓето не треба да бидат принудени да избираат помеѓу нивниот родов идентитет и физичкиот интегритет. Светската здравствена организација во јули 2018 година изјави дека трансродовите лица не треба повеќе да се сметаат за лица со ментално растројство.
“Ја повикуваме Чешка веднаш да преземе чекори и да спроведе процедура за признавање на родот што е брза, транспарентна и достапна и базирана на самоопределување. Таквата реформа треба да се фокусира на оние чии животи се директно засегнати “, коментираат TGEU и ILGA-Europe:
Спротивно на ова, во една неодамнешна изјава на Чешкото здружение на сексолози се вели дека кастрацијата треба да остане услов за законско признавање на родот. Според сегашниот предлог на чешкото Министерство за правда, сексолозите се оние кои ги оценуваат транс лицата кои аплицираат за признавање на родот..
“Ние и понатаму сме загрижени дека лекарите кои повикуваат на присилна стерилизација на транс луѓето се сметаат за експерти и ја имаат контролата. Додека транс луѓето во Чешка остануваат затворени во избрзан и нетранспарентен процес “.
Позадина:
Член 11 од Европската Социјална Повелба меѓу другото гарантира право на највисок можен стандард на здравје и право на пристап до здравствена заштита. Европската Социјална Повелба е Социјален Устав на Европа – договор на Советот на Европа кој ги гарантира основните социјални и економски права. Повелбата се разликува од Европската конвенција за човекови права, која се однесува на граѓанските и политичките права. Социјалната Повелба гарантира широк спектар на секојдневни човекови права поврзани со вработување, домување, здравство, образование, социјална заштита и благосостојба.
Речиси сите европски држави се потпишаа на Социјалната Повелба.
Одлуката во случајот Transgender Europe и ILGA-Europe против Чешка ја следи пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот A.P., Garçon и Nicot против Франција од април 2017 година, утврдувајќи дека условот за присилна стерилизација го прекршува правото на почитување на приватниот живот. Во моментов, четиринаесет европски земји сè уште бараат присилна стерилизација во законското признавање на родот. Светската здравствена организација во јули 2018 година изјави дека трансродовите лица не треба повеќе да се сметаат за лица со ментално растројство.