Зголемен бројот на апсења на сексуални работници во источен Лондон

Зголемен бројот на апсења на сексуални работници во источен Лондон

Локалните власти во источен Лондон тврдат дека сексуалните работници не се мета на полицијата поради Олимпијадата и покрај факот што поголемиот број на апсења се случуваат во областите на градот каде што ќе се одржуваат Олимписките игри.

 

„Нашата работа со полицијата во справувањето со проституцијата не е поврзана со Олимписките игри“ – изјави порпаролот на советот на Тоуер Хамлетс и додаде – „Ова прашање го покренаа нашите жители“.

 

Во Тоуер Хамлетс досега се уапсени 44 сексуални работници во првите три месеци од оваа година што преставува повеќе апсења во споредба со целата 2011-та, а во Њухем бројот на слични апсења е покачен од 14 во период помеѓу 2010 и 2011 на 37 во периодот помеѓу 2011 и 2012.

 

 

Како дополнување на оваа акција, 80 бордели кои се ноаѓаат во шест олимписки општини – Гринвич, Хекни, Њухем, Тоуер Хамлетс и Велтхем Форест, се затворени од страна на полицијата во последните 18 месеци во споредба со само 29 во истиот период на пошироката територија на Лондон.

 

„Оваа зачестена активност се случува диспропорционално во олимписките општини“ – изјави Ендру Боф, член на лондонскиот парламент кој го напиша извештајот за ова прашање.

 

Лондонската полиција ја спроеведе оваа акција во петте олимписки општини во 2010 со образложение дека се справува со трговијата со луѓе. Но, додека постојат докази дека проституцијата е позачестена појава за време на големи спортски настани, доказот дека тоа придонесува и до позачестени случаи на трговија со луѓе не е толку очигледен.

 

Според извештај на ОН, во врска со Светското првенство во фудбал во 2006-та во Германија, се вели дека не бил забележан зголемен број на случаи на трговија со луѓе за време на Светското првенство во фудбал.