Сексистички огласи за работа кои ги потенцираат висината, тежината и возраста

Сексистички огласи за работа кои ги потенцираат висината, тежината и возраста

Диплома за завршено средно или повисоко образование, жена, од 18-30 години, висина од 163 см или повисока, средена фигура, естетски пријатна, вели оглас за работна позиција како продавачка во бутик во Пекинг. Друг оглас во централната кинеска провинција Шанкси бара “модерни и убави кондуктерки за брзи возови”. Во последните неколку години, водечката веб-страница за електронска трговија “Алибаба” дури објави и реклами за регрутација кои се фалат со “прекрасните девојки” и “божици” кои работат во компанијата.

Ова се дел од огласите за работа објавени во последните пет години од страна на водечките кинески работодавци и брендови на сајтови за регрутирање, веб-страници на компании и платформи за социјални медиуми – и покрај фактот што вработувањето базирано на род е технички нелегално во најнаселената нација.

Според новиот извештај на Human Rights Watch со наслов Само мажите треба да аплицираат: родова дискриминација во рекламирањето работни места во Кина, дискриминацијата врз основа на родот на работното место е на ендемично ниво во кинеското општество. Истражувачите анализирале над 36.000 реклами за работа од 2013-2017 година и утврдиле дека многумина бараат од жените да поседуваат одредени физички атрибути за да бидат земени предвид за позицијата или специфично нагласиле дека работните места се само за мажи.

Во 2017 година, гигантскиот интернет пребарувач Baidu огласил позиција за рецензент на содржина. Посакуваните кандидати мора да имаат “силна способност да работат под притисок, слободни да работат за време на викенди, празници и ноќни смени”. Друг услов: тие треба да бидат мажи.

Владините работни места не се изземени од дискриминаторско однесување. Во 2017 година, 13 отсто од работните места објавени на списокот за државни службеници биле исклучиво за мажи. Во списокот од 2018 година процентот се покачил на 19 отсто.  Виновни се некои од најголемите работодавци во Кина. Alibaba, која контролира над 80 проценти од онлајн-трговијата во Кина, барала двајца мажи да пополнат позиции во ресторани во јануари 2018 година.

“Иако дискриминацијата во областа на вработувањето во Кина е нелегална, законите се многу нејасни и често слабо се спроведуваат”, вели портпаролката на Human Rights Watch, Heather Barr. Законот за работни односи во Кина забранува родова дискриминација при вработување, но честопати не стапува на сила. Кога се наметнуваат казни од страна на главните агенции за спроведување, тие се најчесто срамно ниски.

Во 2012 година, дипломката Guo Jing го тужеше кујнското училиште во Жеџијанг, откако огласиле позиција само за мажи. Сепак, иако судот пресуди во нејзина корист, Jing добила само 2.000 јуани (300 долари) од отштета. “Ако сте компанија како Али Баба, идејата дека ако мора да платите 300 долари, и дека тоа ќе го смени вашето однесување е навистина смешна, да бидам искрена”, вели Barr.

Исходот може да биде лош за оние кои се обидуваат да се спротивстават на дискриминацијата на работните места во Кина. “Постои вистинска острица во однос на можноста на жените да учествуваат во пазарот на трудот, како и активистите за правата на жените воопшто”, објаснува Barr. “Ова создава отворен простор за работодавците да дискриминираат колку што сакаат”.

Како резултат на тоа, ендемската дискриминација и понатаму постои. И проблемот се влошува. Јазот меѓу родовите плати во Кина е еден од најлошите во светот: во 2017 година се рангираше на 100-то место од 144-те земји опфатени во Светскиот економски форум, со падот од 57-то место во 2008 година. “На крајот, она што овие закони го прават е зајакнување на идејата дека некои работни места се погодни само за мажи “, заклучува Barr. “И дека работата на жените на работното место е само декоративна.”

Извор