Трансродов маж вклучен во кампања за менструација

Трансродов маж вклучен во кампања за менструација

Трансродов маж е едно од лицата на нова кампања чија цел е да се адресира стигмата за менструација.

Kenny Jones, 23, се појавува заедно со активистки, модни дизајнерки и писателки во кампањата ‘I’M ON’, лансирана од Pink Parcel.

Jones, кој бил крстен Kelsey, зборува за неговите страдања со менструацијата кога започнал со транзиција на рана возраст – имал 14 години кога се аутирал како транс, а 16 години кога ја избричил главата и го променил името.

 

Пред да започне со земање на хормонски блокатори на возраст од 17 години, моделот од Лондон се’ уште имал менструација секој месец.

“За време на мојата транзиција, морав да се справувам со менструацијата секој месец и многуте негативни стереотипи кои доаѓаат со неа”, вели Jones. “Претпоставката дека менструацијата има инхибирачко дејство кај луѓето, има тенденција да го перпетуира срамот од менструација уште повеќе, па така, луѓето уште повеќе се чувствуваат неудобно да зборуваат за ова.

“Фактот дека никој не зборува отворено за менструацијата отсекогаш го поднесував тешко и ме натера да сакам уште повеќе да ја сокријам мојата. Затоа сакав да бидам вклучен во кампањата I’M ON.

“Треба да ги поттикнеме сите да зборуваат за менструацијата, без разлика дали ја искусуваат директно или не. Иницирањето на разговор е првиот чекор кон нормализирање на менструацијата во општеството “.

Тој, исто така, вели дека транс мажите треба да се чувствуваат покомфорно да разговараат за менструацијата еден со друг.

Jones одел во женско училиште, каде што одбивал да носи здолниште. Бил испратен на психијатар на возраст од 11 години, но вели дека како дете никогаш не разбрал што е род .

Како тинејџер, Jones се отпишал од училиште во деветото одделение и заминал на колеџ со постари тинејџери, каде што вели дека луѓето биле поотворени и со повеќе разбирање.

На возраст од 20 години, Jones почнал да ја расте брадата, што му помогнало конечно да се чувствува удобно со своето тело.

Тој сега им се приклучува на жените во кампањата на Pink Parcel, вклучително и британската модна дизајнерка Olivia Rubin, стилистката и активистка Natalie Lee, како и новинарките и подкаст водителките Pandora Sykes и Dolly Alderton.

Гореспоменатата постава презентира маици со слогани, дизајнирани да го променат верувањето дека менструацијата е инхибирачка и не треба да се дискутира.

Истражувањето на брендот покажа дека само осум проценти од сите онлајн содржини поврзани со менструацијата го опишуваат искуството на транс заедницата, а 92 проценти ја претставуваат менструацијата само од бинарна перспектива.

Анкетата спроведена на 2.000 британски возрасни лица, исто така, откри дека една третина (34 проценти) од Британците сè уште ја гледаат менструацијата како табу тема и една четвртина доживеале чувства на срам или непријатност додека имале менструација.

50 отсто од Британките никогаш не разговарале со својот партнер за менструација, од кои 44 отсто ја избегнуваат темата со пријателките.

£5 од продажбата на секоја маичка ќе одат во Bloody Good Period, добротворна организација која донира менструални производи на барателките на азил и бегалките во обид да се справи со сиромаштијата.

Извор