Нов извештај за проширувањето на ЕУ: Македонија и Босна и Херцеговина треба да сторат повеќе за ЛГБТ правата

Нов извештај за проширувањето на ЕУ: Македонија и Босна и Херцеговина треба да сторат повеќе за ЛГБТ правата

Европскиот Парламент ги усвои годишните извештаи за напредокот кои се поврзани со приемот на Република Македонија и Босна и Херцеговина во Европската Унија. Двете земји се повикани да направат повеќе за човековите права на ЛГБТ луѓето пред да бидат примени во Европската Унија.

 

Денеска членовите на Европскиот Парламент ја завршија годишната проверка за подготвеноста за прием на Македонија и Босна и Херцеговина во ЕУ. Двата извештаи содржат препораки за правата на ЛГБТ луѓето во двете земји и Европската комисија да врши мониторинг за напредокот на ова поле.

 

Во извештајот за Македонија се поздравува фактот што три жалби за дискриминација врз основа на сексуална ориентација беа поднесени од страна на Коалицијата за сексуални и здравствени права до новата Комисија за анти-дискриминација.

 

Меѓутоа, Европскиот Парламент, исто така, го повторува својот повик во Законот за превенција и заштита од дискриминација да се забрани дискриминација на било која основа, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација, и подвелкува дека ова е предуслов за прием на земјата во ЕУ. Парламентот ја изразува својата грижа за универзитетските и школските учебници кои ја опишуваат хомосексуалноста како болест и бара најскора промена на овие содржини.

 

Извештајот за Босна и Херцеговина ја повикува босанската Влада и Парламент да ја изедначат својата правна и институционална рамка со онаа на ЕУ и меѓународните стандарди за ЛГБТ правата.

 

Ивештајот за Македонија може да го прочитате на следниот линк: http://www.europarl.europa.eu/sides/getDoc.do?type=MOTION&reference=B7-2012-0127&language=EN