Танзанија: Одбиен предлогот да се „обележат“ учениците кои живеат со ХИВ/СИДА

Танзанија: Одбиен предлогот да се „обележат“ учениците кои живеат со ХИВ/СИДА

Засегнатите лица од областа Кибаха, Крајбрежен регион во Танзанија одбија да го прифатат прелогот, предложен од некои училишта во регионот, униформите на учениците кои се ХИВ/СИДА позитивни да бидат обележани со црвена панделка.

 

„Овој предлог промовира стигма“ – рече Џејн Тибихика, една од засегнатите лица, и додаде: „Кога дознавме за овој предлог, ние ги испративме нашите коментари на одговорните лица. Ги предупредивме дека учениците кои живеат со ХИВ/СИДА не би можеле да се справат доколку подлегнат на стигма“.

 

Претседателот на KIPELIHA, Ребека Мшимбузи, порача дека овој предлог оди наспроти законот кој на ХИВ/СИДА пациентите им дава право на приватност. Претпоставувам дека училиштата користат други методи за да успеат да ги идентификуваат луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА“ – вели таа.

 

Таа вели дека кога прашала зошто има потреба учениците да бидат индетификувани, и било кажано дека тоа е за нивно добро, а идентификацијата била потребна со цел да не им бидат доделувани тешки задачи. Меѓутоа, таа посочува на истражувањето во кое е откриено дека наставниците одат неколку чекори подалеку кон стигматизирање во посочувањето на заболувањата кои некои од учениците ги имаат.

 

Станфорд Мбенгане, порача дека праксата во училиштата на разоткривање од страна на наставниот кадар оди дотаму што болеста на заболените ученици ја соопштуваат на другите ученици.

 

Координаторот за ХИВ/СИДА на градскиот совет на Кибаха, го бранеше овој предлог велејќи дека е направен со добри намери за да се индетификуваат болните студенти и да се третираат со поголема нега.

 

Таа рече: „Некои од училиштата ги етикетираат учениците кои ги идентификуваат како болни. Меѓутоа, јас ќе контактирам со образовниот офицер за да дознам дали овој предлог го има благословот на Министерството за образование“.