Јужно Австралиската влада се залага за работнички права за сексуалните работници

Јужно Австралиската влада се залага за работнички права за сексуалните работници

Јужно Австрлиската влада верува дека сексуалните работници би требало да ги уживаат правата на минимална плата, колективно преговарање и правото на жалба поради отпуштање.

 

Но, противниците на секс-индустријата се прашуваат зошто Јужна Австралија побара овие права да бидат загарантирани со промената на Актот за фер работа на федералната влада кога сексуалната работа е се уште нелегална во државата.

 

„Дефиницијата за вработен во националниот систем би требало да се појасни со цел вработените сексуални работници да добијат пристап до индустриските права кои следуваат од Актот“ – велат од Владата на Јужна Австрлија.

 

„Јужна Австрлија во моментов предлага закон со кој сексуалната работа ќе стане легална и сметаме дека заштитата на овие работници мора да биде овозможена во рамките на националниот систем за односи на работното место, следствено, според Актот за фер работа“

 

Доколку на сексуалните работници им се дозволи да бидат заштитени со овој Акт, тие мораат да бидат третирани како работници од страна на макроата и сопствениците на бордели, да им бидат овозможени права за колективно преговарање, минимална плата и работни услови, право на работа, заштита од незаконско отпуштање и право на жалба пред Омбудсманот, но исто така и правото на формирање на синдикат.

 

Еднинствениот предлог-закон во полза на сексуалната работа е развиен од страна на парламентарецот на работничката партија, Стеф Ки, но, не преставува владин закон и не постојат индикации дека ќе биде усвоен откако биде внесен во процедура.

 

Роберт Брокеншир, парламентарец од Family First, кој подготви ривалски предлог-закон со кој сексуалната работа ќе стане нелегална, рече:
„Врз основа на овој предлог-закон, оваа влада јасно не успева да се консултира и во ист момент го игнорира долговечниот гласачки протокол на Парламентот за законите кои ја третираат сексулната работа. Владата треба итно да и објасни на заедницата зошто тајно сака да го протурка овој закон“.