26 Sep Масовни апсења и злоупотреба на ЛГБТ луѓето во Азербејџан
Во текот на последните неколку дена, полицијата во Баку, Азербејџан изврши масовни апсења на најмалку 100 членови на ЛГБТ заедницата. Во официјалните изјави, локалните власти и невладините организации кои ја поддржуваат владата ги опишаа апсењата како остри мерки во борбата против проституцијата, но адвокатите и локалните активисти ги опишуваат безобразните апсења на геј мажи и трансродови жени како организирани напади врз станови и барови, како и навидум случајни апсења на улица.
Утврдувањето на точниот број на апсења е тешко, бидејќи на многумина од притворените им беше забранет пристап до посетителите или беа повеќекратно уапсени, а оние кои беа ослободени не сакаа да зборуваат со никого надвор од локалната ЛГБТ заедница поради страв од понатамошно казна. Неколку затвореници, под услов на аниномниост обезбедија информации до Civil Rights Defenders преку локалните активисти и адвокати.
Активистите известуваат дека притворените биле подложени на тепање, вербална злоупотреба и принудни лекарски прегледи, како и насилнички избричени глави на трансродовите жени. Многумина беа ослободени само откако ги дадоа адресите на колегите членови на ЛГБТ заедницата, кои потоа беа уапсени и подложени на истиот третман. Неопределен број притворени лица се осудени на 20 или 30 дена административен притвор.
Полицијата, исто така, наводно, уценувала неколку ЛГБТ лица да сведочат во политички мотивирани случаи, заканувајќи се јавно да ги издадат ако не се согласат.
Во минатото, азербејџанските безбедносни служби користеа административен притвор, за кој претходно не е потребно јавно сослушување, како и изолирање на притворениците од надворешен контакт за да се спречи веродостојната документација за физичка тортура.
Во изјавите за јавноста, службениците постојано и без докази инсистираа на тоа дека на речиси сите притворени им се дијагностицирале повеќе сексуално преносливи болести или поседувале наркотици за време на нивното апсење.
Азербејџанските медиуми блиски до владата ги засилија овие тврдења, при што една веб-страница тврдеше дека притворениците биле “заразени со најопасни болести … вклучувајќи и СИДА”. Една популарна веб-страница за дискусија наводно споделила рани извештаи за апсењата под наслов “Ловечката сезона на хомосексуалците е отворена! ”
Една опозициска партија ги поддржува масовните апсења: Ајаз Ефендиев од Партијата за Правда повикува на продолжување на операцијата, додавајќи: “со заштитата на овие суштества кои се извор на неморал, опасни болести, кои се проколнати од Бога, западните кругови се обидуваат да ги уништат нашите национални традиции под идејата за “човекови права”.
Спротивно на официјалните изјави дека цел на полицијата биле само сексуални работници во центарот на Баку, полицијата притворала секого чиј изглед не одговара на “националните традиционални вредности”.
Азербејџан е рангиран на последно место меѓу 49-те европски земји во 2016 година, според истражувањето на ILGA-Europe Rainbow Index за правна заштита и еднаквост. Иако хомосексуалноста беше декриминализирана во Азербејџан во 2001 година, ЛГБТ луѓето редовно се соочуваат со вознемирување од безбедносните служби и добиваат мало сочувство од јавноста.
Civil Rights Defenders ја повикуваат владата на Азербејџан да го прекине вознемирувањето на бакиската ЛГБТИ заедница и нејзините сојузнички земји-членки во Советот на Европа да се држат до своите меѓународни обврски кон Европската конвенција за човекови права.