Земете учество во истражувањето за мажи на ЕКОМ – “Благосостојба, секс и начин на живот”

Земете учество во истражувањето за мажи на ЕКОМ – “Благосостојба, секс и начин на живот”

Евроазијската коалиција за машко здравје (ЕКОМ) започна со кратка он-лајн анкета “Благосостојба, секс и начин на живот” во однос на внатрешна хомофобија меѓу хомосексуалците, бисексуалците и другите мажи кои имаат секс со мажи. Ова е единствена студија за регионот на Централна, Источна Европа и Централна Азија која ги опфаќа членовите на заедницата од вкупно 13 земји.

Ова истражување има за цел да дознае кои услуги се потребни на ЛГБТ-организациите, кои се ризиците и вашите ставовите кон хомосексуалноста, како и начините на кои се среќавате со други мажи. Би ве замолиле да земете учествувате во анкетата, и да ни помогнете во развивањето на нови програми за подобрување на здравјето на хомосексуалците и бисексуалците.

Можете да бидете дел од ова истражување доколку сте:

  • Маж  кој го привлекуваат други мажи и/или
  • Маж кој има секс со друг маж и/или
  • Маж кој мисли дека би можел да има секс со друг маж во иднина и
  • Жител на жител на една од следниве земји: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Естонија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Литванија, Македонија, Молдавија, Русија, Таџикистан или Украина.

За да одговорите на прашањата од анкетата ќе ви одземе околу 15 минути. Анонимноста е загарантирана.

Линк до анкетата: https://goo.gl/i95Jzb

Извор