Кратка биографија на Х.Е.Р.А

Кратка биографија на Х.Е.Р.А

Х.Е.Р.А. е непрофитна организација формирана со слободно здружување на граѓаните, со цел остварување на основното човеково право на жените, мажите и младите да бидат информирани и да можат слободно да го остваруваат својот избор во однос на сексуалното и репродуктивното здравје, како и застапување за обезбедување на тоа право.

 

 При тоа се става посебен акцент на информирање, застапување, обезбедување на услуги или препраќање до услуги за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје, ХИВ/СИДА, инфекции пренесени преку сексуален и крвен пат, несакана бременост и избегнување на небезбеден абортус. Активностите се наменети за општата популација, со особено внимание кон младите,  сиромашните и оние кои немаат пристап до услуги и  не ги оставаруваат своите права.

Стратешки цели

АДОЛЕСЦЕНТИ/МЛАДИ
Подобрување на сексуалното и репродуктивно здравје и права на  адолесцентите и младите, преку обезбедување на информации, знаење и  вештини на живеење како и зголемен пристап на услуги кои се по мерка на младите

ХИВ/СИДА
Зајакнување на интервенциите за едукација и превенција од ХИВ/СИДА, вклучувајќи и пристап до квалитетни ХИВ/СИДА здравствени и социјални услуги, како и подобрување на квалитетот, грижата и третманот на луѓето кои живеаат со ХИВ/СИДА

ПРИСТАП ДО УСЛУГИ
Одобрување на пристапот до информации, здравствена едукација и здравствени услуги од областа на сексуалното и репродуктивното здравје, особено за младите, сиромашните и ранливите групи и сите оние кои имаат ограничен пристап за да го остваруваат оваа право

ЗАСТАПУВАЊЕ:
Зголемување на јавната, политичка и финасиска одговорност за поддржување и унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје и човековите права

ПЛАНИРАЊЕ НА СЕМЕЈСТВОТО
Подобрување на пристапот до информациите и услугите за планирање на семејството, вклучувајќи пристап до контрацептивни методи и безбеден абортус

Web:

Блог
www.hiv.sida.info.blog.com.mk