Почеток На Кампaњата „Прав(Д)А За Сите“

Почеток На Кампaњата „Прав(Д)А За Сите“

Денес во Клубот на новинари, Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето, имплементиран од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка-Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија со партнерските организации Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“ и ЛГБТ Јунајтед Тетово, организираше прослава по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, како и промоција на кампањата „Прав(д)а за сите“. Претставници на ЛГБТИ организации и активисти за човекови права беа присутни на настанот.

За време на настатно, беа испратени охрабрувачки пораки од страна на в.д. г-ѓа Микаела Швајцер Блум, заменичка на мисијата на Соединетите Американски Држави во Македонија, г-ѓа Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и г-нот Кочо Андоновски, директор на проектот. Преку овој начин на прослава на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, како и преку концептот на „Прав(д)а за сите“, учесниците кои беа ангажирани во кампањата, се рефлектираше за состојбите со наружувањето на правта на ЛГБТИ луѓето, но исто така се рефлектираа и можностите за борба и еманципација во македонското општество. Проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето има за цел да го унапреди интегрирањето на ЛГБТИ луѓето во општеството и да ги унапреди нивните права во Македонија. Овој проект го поддржува остварувањето на човековите права во Македонија и националната стратегија за еднаквост и недискриминација. Проектот почна да се остварува во септември, 2016 година и ќе трае до март, 2018 година.

Фотографија: Билјана Гинова

Извор