Од Marine Le Pen преку Theresa May, зошто белите геј мажи продолжуваат да ги поддржуваат десничарските кандидати?

Од Marine Le Pen преку Theresa May, зошто белите геј мажи продолжуваат да ги поддржуваат десничарските кандидати?

marine-le-pen-election.jpg

На 15 декември 2014 година, Sébastian Chenu – францускиот активист за правата на хомосексуалците – излезе на прес-конференција во Париз. Стоејќи рамо до рамо со лидерот на екстремната десница ‘Национален фронт’ Marine Le Pen, тој ги објави своите планови за следната година.

“И’ се приклучувам на Marine Le Pen во нејзините ставови за Европа и социјалните прашања”, им се обрати на новинарите. Тој тврдеше дека е вознемирувачки колку брзо тогашниот претседател – Nicholas Sarkozy – се оддалечил од прашањата за ЛГБТ.

Изгледаше чудно еден од основачите на францускиот GayLib да се приклучи на крајната десна политичка партија полна со хомофобија и омраза.

Но, како што Франција и Велика Британија имаа променливи избори – потврденото место на Marine Le Pen за претседател по првиот круг на гласање – се чини дека Chenu не е исклучок. Од двете страни на Каналот, геј мажите ја даваат својата поддршка за партиските лидери од десното крило; армија на екстремно десничарски воини се подготвува за битка. Во право сте ако ова ви изгледа чудно.

Земете ја за пример Theresa May – до 8-ми јуни таа се’ уште не беше избрана за лидер на нашата земја – а сега вели дека е сојузник на сите кои се идентификуваат како ЛГБТ.

Само брз преглед на податоците за нејзините досегашни гласови ќе ви покаже дека тоа е далеку од вистината. Неодамна, таа кажа не за истополовото посвојување и одби да го поддржи израмнувањето на возраста за согласност. Во 2003 година таа гласаше против укинувањето на член 28, легислативата со која на локалните власти им беше забрането “промовирање” на хомосексуалноста.

Од другата страна на каналот, работите не се многу подобри. Национален Фронт е партија заснована на предрасуди и омраза. Само погледнете кон основачот на партијата, Jean-Marie, кој уште во 1984 година даде изјава на национална телевизија дека хомосексуалноста е “биолошка и општествена аномалија”, а само две години подоцна, тој се залагаше за “СИДА-ториуми” за оние кои живеат со ХИВ.

Можеби ова е само ставот на таткото на Le Pen, но сегашниот манифест на партијата зборува сам за себе. Се наведува дека ќе се стави крај на правата на истополовите двојки да се венчаат, како и на државната поддршка за хомосексуалните двојки да имаат деца.

Le Pen молчеше кога нејзиниот партнер – и лидер на Националниот фронт – се противеше на маршот на гордоста во Париз, давајќи му етикета на “егзибиционистички и анти-НФ симбол на милитантниот комунитаризам”. Најмладиот пратеник на земјата – уште еден од кланот на Le Pen – исто така, се приклучи кон геј-понижувањето.

Постои надеж дека сите нивни геј гласачи доаѓаат од место на незнаење; дека овие луѓе кои сега даваат поддршка на овие две партии полни омраза немаат идеја што направиле нивните лидери, за што гласале или имаат намера да сторат. Но, за жал, едноставно не е така – овие геј мажи знаат што точно се случува. И May и Le Pen ја пренасочија својата реторика, а сега муслиманите и имигрантите станаа фокусот на омраза.

И во Франција и во Велика Британија десничарите веќе долго време се обидуваат да ги насочат белите хомосексуалци против другите маргинализирани идентитети; “Муслиманите сакаат да ве убијат”, велат весело и погрешно.

Не треба да се погледне далеку под површината за да се види тоа во акција. Доволно е да се погледнат профилите на Grindr “не за црнците, не за азијатите” и оние кои мавтаат со своите знамиња во боите на виножито , како дел од ЛГБТ дивизијата на EDL.

Има многу геј мажи кои ја држат оваа позиција, поддржувајќи ги хомофобичните и ксенофобични ставови на екстремната десница. Во Велика Британија постојат луѓе кои ги омаловажуваат оние со понизок статус за да се задржат за ново-пронајдената привилегија – во Франција се чини дека неконтролираната исламофобија е адут за геј мажите кои сакаат да ги задржат своите граѓански права.

Се разбира, од витално значење е да не и’ се наштети на целaтa квир заедница со овој наплив на себични предрасуди, бидејќи за многумина, времето за поддршка на овие партии полни со предрасуди нема никогаш да дојде. Транс луѓето, помладите и обоените квир луѓе се’ уште имаат достоинство – статистиките покажуваат сосема јасно дека десницата ги добива гласовите на постарите бели геј мажи кои се во брак.

Кога станува збор за центарот, јас не сум фан на опасната реторика на Tim Farron кога станува збор за истополовите врски; тоа е суптилна, но видлива хомофобија која е штетна со генерации. Но гласачкото досие на Farron во најмала рака дава поддршка за граѓанските права и слободи – тој го поддржува прогресивното законодавство постојано.

Le Pen и Theresa May, од друга страна не го користат Исус за заштита – и нивните хомофобични гласачки досиеја не укажуваат на тоа дека ќе се променат во скоро време.

Франција е прашање дали може да остане слободна нација.

Белите геј мажи кои и’ даваат поддршка се кукавици; очајни да се задржат за новонастанатата слобода за која толку долго време се боревме како обесправени малцинства – или едноставно опседнати со понижувањето на муслиманите. Во секој случај, тоа е огромен срам.

Извор