11 Apr Видео спотот ‘Hideaway’ на Mykki Blanco: Посветен на 37 милиони ХИВ позитивни луѓе
Во чест на Националниот младински ден за подигање на свеста за ХИВ/СИДА, Mykki Blanco го објави видео спотот за неговиот сингл “Hideaway” во продукција на Jeremiah Meece. Песната, која се појавува на деби албумот на Blanco, Mykki, ги претставува размислувањата на квир уметникот за личното пет-годишно искуство на живот со ХИВ. Во 2015, Blanco јавно објави дека има позитивен статус од 2011, од самиот почеток на неговата музичка кариера. “Заеби ја стигмата и криењето во темница,” тој напиша на Facebook, претпоставувајќи дека веста ќе му ја уништи кариерата. “Ова е мојот вистински живот.”
Ive been HIV Positive since 2011, my entire career. fuck stigma and hiding in the dark, this is my real life. I'm…
Posted by Mykki Blanco on Friday, June 12, 2015
Видеото во режија на Daisy Zhou, во копродукција со W Magazine, создава сцена на мрачно-романтична спална соба инспирирана од стиховите на “Hideaway”, во чиј фокус е еден пар — едниот ХИВ-позитивен и другиот негативен. Заедно, тие се кријат од вистината, заслепено танцувајќи околу романсата и конечно уништувајќи ја нивната врска. Во видеото, Blanco се врти околу парот како невидлив набљудувач, пред конечно да го исклучи светлото во спалната соба — метафора за она што се случува кога стигмата за ХИВ не е нормализирана.
“Кога одбираме да ги стигматизираме оние кои живеат со ХИВ, правиме лоша услуга за нашата заедница,” вели Blanco во увертирата на видеото. “Како некој кој живее здрав живот со болеста веќе 5 години, многу добро ми се познати прогонот и стравот, и што тие може да направат за нечија личност и живот. Љубов и среќа, сочувство — тоа се вродени права на човечката состојба. 37 милиони луѓе кои живеат со ХИВ го заслужуваат тоа како и секој друг.”
Погледнете го “Hideaway” на Mykki Blanco подолу, и научете повеќе за Националниот младински ден за подигање на свеста за ХИВ/СИДА тука.