Анти-геј законот вратен во парламентот на Уганда

Анти-геј законот вратен во парламентот на Уганда

Озогласениот закон со кој е предвидено хомосексуалноста да се казнува со смртна казна вчера повторно влезе во постапка во парламентот на Уганда.

 

Дејвид Бахати, првичниот спонзор на легислативата со која се предвидува доживотен затвор и смртна казна за повторени прекршоци, повторно го предложил предлог-законот, се вели во извештаите.

Со одредени членови од законот се утврдува смртна казна за „влошена“ или континуирана хомосексуалност, додека пак оние кои нема да пријават случај на хомосексуалност во полиција ќе добијат казна затвор.

 

Анти-геј законот е направен за да се „заштити традиционалното семејство“, а исто така ја условува Уганда да не ратификува кој било меѓународен договор кој оди наспроти неговите одредби.

 

Со законот се одредува доживотна казна за лица кои имаат геј секс, „допрат друга личност со намера“ да имаат геј секс или се во нелегален „геј брак“.

 

Со законот се бара смртна казна за секој кој е осуден за хомосексуалност кој живее со ХИВ или пак претходно бил осуден за хомосексуалност.

 

За „хомосексуалност во обид“ се предвидува казна од седум години затвор, исто како и за помаѓање или соучество во хомосексуален акт.

 

Казна од 500.000 шилинзи (135 британски фунти) или затворска казна до три години се предвидени за лицата кои се свесни за геј прекршок, а не го пријавиле во полиција во рок од 24 часа.

Овој предлог-закон наиде на глобална осуда од страна на влади на земји, активисти за геј права и групи за човекови права.