03 Feb Конкурс за хонорарен ангажман – Правник/чка
Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници објавува конкурс за хонорарно ангажирање на работното место: Правен/a советник/чка.
Работниот ангажман е на 10 месеци со можност за продолжување.
Работи задачи:
- Следење на состојбата со човековите права на маргинализираните заедници во Македонија (ЛГБТИ, лица кои живеат со ХИВ, сексуални работници/чки и луѓето кои употребуваат дроги);
- Следење на меѓународните трендови за заштита на човековите права;
- Советување на целните групи на Коалицијата за нивните права;
- Подготовка на претставки, барања и слични поднесоци за заштита на правата на целните групи на Коалицијата;
- Документирање на случаи на повреда на правата на целните групи на Коалицијата.
Учество во спроведување на тековните активности на Коалицијата како конференции, дебати, истражувања, кампањи и сл. - Комуникација, координација и соработка со партнерите на Коалицијата и целните групи.
Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:
- Дипломиран правник
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутер
Предност ќе имаат кандидатите/ките кои:
- Имаат искуство и познавања од областа на човековите права.
- Имаат искуство во работа со маргинализирани групи.
- Имаат искуство во граѓанска организација.
- Имаат изградени капацитети за тимска работа, комуникациски вештини, самоиницијативност и посветеност.
Рок и начин на аплицирање
Заинтересираните кадидати треба да ги испратат следните документи, најдоцна до 15.02.2017 година 17:00 часот на koalicijaszpmz@gmail.com со назнаката „конкурс за правен советник“:
- Кратка биографија
- Мотивационо писмо
- Скенирана диполома или уверение за завршен правен факултет
- 1 препорака, доколку кандидатот/ката има претодно работно искуство
Кандидатите кои не се во можност бараните документи да ги достават на е-маил адреса истите можат да ги достават на адреса бул. Климент Охридски бр. 66-1/3, 1000 Скопје, најдоцна до 15.02.2017 година 17:00 часот.
Начин на избор на кандидатите/ките:
Кандидатите/ките кои ќе ги достават бараните документи и ќе влезат во потесен круг на избор ќе бидат повикани на интервју. Известување за резултатите од конкурсот, кандидатите ќе добијат на е-маил најоцна до 28.02.2017 г. Избраниот кандидат се очекува да почне на работната позиција од 01.03.2017.