Интервју со Колби Келер

Интервју со Колби Келер

Превод: Јулија Мицова

Кон крајот на минатата година професорката Сусана Паасонен од Универзитетот во Турку (Финска) го интервјуираше единствениот Колби Келер за натпис во новото списание ФИЛ придружен со фотосесија со него. Проследете го интервјуто:

Колективното тело на Колби Келер

 За оние кои ја следат современата машка геј порнографија не е потребено посебно запознавање со Колби Келер. По неговото деби со Шон Коди во 2004 година, Келер стана клучен изведувач чијашто многустраност како ѕвезда се движи од хардкор порнографија до работа како модел и соработник во уметнички проекти, како на пример „Colby Does America,” реализиран со собирање на средства од јавноста, а мотиран на колективна, волонтерска основа.

Во текот на овие десетина години, порнографската индустрија мина низ големи економски и технолошки трансформации, засилени со појавата на видео агрегаторите, П2П споделувањето, дистрибуцијата на аматерско порно и крајот на ДВД ерата. Самиот Шон Коди беше откупен од веб страната men.com, којашто пак беше откупена од Мајндгик, компанија која раководи со мнозинството веб страни – агрегатори. Ваквиот вид на централизација е нечуен и овде нема простор за голема транспарентност во однос на тоа како функционира бизнисот како целина. На кој начин современата порнографска индустрија претставува индустрија?

К.К.: Всушност, индустријализацијата во порнографијата сега ја чувствувам многу посилно отколку кога почнав. Се формираат монополи. Се јавува поголема консолидација: исчезнуваат повеќе компании, избришани, или пак откупени.

Мајндгик работи со men.com така што тие имаат тим на продуценти, при што на продуцентот му се нуди зделка, одреден износ на пари, и тие се одговорни да наоѓаат модели и да го финансираат сето тоа. Така функционираат вообичаено, многу поинаку од постарите компании. Но не постои голема транспарентност, а дури и преговарањето за хонорарот знае да биде напорно.

Според поранешниот модел, се наоѓаше некој тип, кој се користи за пет-шест сцени, или со кој се потпишува ексклузивен договор за десет сцени и толку. Во тој стар систем, кој јас самиот го фатив во моите почетоци при самиот крај, систем кој полека исчезнуваше како резултат на сé што можеше да се најде онлајн, потпишуваш договор, може да заработиш малку повеќе пари со секое следно видео, а тие се одговорни за твојот имиџ. Го поседуваат твојот имиџ и твоето име и нивна работа е да те промовираат. Но откако договорот ќе истече, моделите се препуштени сами на себе. Студиото може да ти помогне да креираш веб страна или слично за моделите кои им се помили или од кои заработуваат многу пари, но самите модели сепак имаат голема лична одговорност во менаџирањето на сопствениот имиџ. И секако, секогаш е така затоа што компаниите мора да заработат пари. Сепак, живееме во капиталистичко општество и доколку компаниите можат да ги натераат изведувачите да сработат нешто и без пари, ќе го направат тоа.

Како само-идентификуван комунист со диплома по ликовни уметности и антропологија го менаџира сопствениот труд и порно персоната во сето ова?

 К.К.: Сите ужасни приказни што можете да си ги замислите за една порнографска компанија јас лично ги искусив. Но исто така работев за Ниман Маркус како дизајнер на излозите две години, 70 часа неделно. Добив минимална плата затоа што бев вработен привремено, немав здравствено осигурување и им робував на сите таму. Работев и како камерман за компанија која работеше на договор со големи телевизиски куќи и ме плаќаа десет долари на саат. Тие искуства беа далеку потрауматични, и се соочував со далеку полош однос од она што го имам искусено во мојата порнографска кариера.

Во секоја професија постои политика и работите за кои смееш да зборуваш и оние за кои не смееш. Секако мораш и да зборуваш на одреден начин, особено кога работата ти е да се продаваш како сексуален објект. Работа ми е да ги палам луѓето, а дел од тоа е да го прифатиш тој човек и комплексноста на нашето постоење во светот. Всушност тоа е и самата желба: комплицирана, не обична слика до која имаш пристап дваесетина секунди за потоа да исчезнеш и заминеш засекогаш. Се обидувам да бидам транспарентен колку што можам и мислам дека тоа е моја етичка должност.

Тогаш веќе се работи за политика по мое мислење. Можам отворено да разговарам за проблемите со кои сум се соочил во порнографијата или моите искуства затоа што луѓето кои го консумираат овој производ треба тоа да го знаат. Не сакам да креирам пропаганда за индустријата или пак за самиот себеси.

Што според тебе е добра порнографска сцена? Кога си задоволен од вашата работа како професионалец и што сакаш да видиш во порно сцена?

 К.К.: Добра сцена е онаа во која има хемија и се снима брзо: сé оди како подмачкано, на сите им е дигнат, свршуваме веднаш и си одиме. Знаете, таква е работата. Ме плаќаат по сцена и колку пократок е тешкиот ден, толку подобро.

Ете тоа за мене е еден вид добра сцена, со надеж дека ќе се преточи во нешто што публиката ќе го цени, но немам голема контрола во поглед на тој аспект. Чудно е: некои сцени за кои сум мислел дека се многу лоши станувале доста популарни, а сцени за кои сум мислел дека се совршени не биле ни забележани. Отсекогаш ме интересирало зошто тоа се случува и кога точно се случува. Ете тоа е друг вид на добра сцена, сцена за која публиката одлучува.

Јас лично преферирам bareback порно (секс без кондом) и сцени во кои има доста интензитет и енергија, како и поврзаност меѓу луѓето. Обожавам сцени со внатрешно свршување! Кај филмот „Colby Does America“ не сакав да кажувам што е добро, а што лошо. Не беше секогаш возможно затоа што имав лоши искуства со некои луѓе или пак немаше секс или пак не се одвиваше како што си замислував. Супер беше кога ќе паднеше добар секс, добивав добри кадри и слики и таквата сцена си ја замислував токму како типична порно сцена. Знаев дека ќе испорачам добра содржина кога го имав тоа обезбедено.

Имаше и доста случаи кога луѓето ќе се согласеа да снимаат, меѓутоа на крај само ќе разговаравме за сексот: во еден случај се разви жешка расправија. Се обидов тоа да го ограничам затоа што знаев дека ќе биде проблем за тие што ќе се пријават доброволно да ја монтираат сцената: никој не сака да слуша шеесет минутен разговор. Јас сум визуелен тип и размислувам за естетиката, па можноста да ја поставам сцената, да имам секс и потоа таа содржина да ја оценувам за мене лично беше интересна, но се трудев да бидам објективен.

На почетокот спомна дека Колби Келер е еден вид на колективно тело кое ги опфаќа фановите и нивното учество како еден вид на отелотворен, жив бренд. Каков вид на идентитетска позиција има Колби Келер?

 К.К.: Претходно мислев дека постои силна разграниченост меѓу Колби Келер порно изведувачот и мене самиот, но сега мислам дека разликата е мала. Како што напредува мојата кариера така тие два дела стануваат се понеразделни еден од друг.

Колби Келер е дефинитивно колективна личност и во неговото оформување учествуваат многу луѓе. Јас самиот немам ништо со еден дел од таа личност. Начинот на кој се гледаме себеси како вакви индивидуи е повеќе митолошки отколку фактички – не само во биолошка смисла и во смисла на сите други организми што придонесуваат за нашата телесна маса – но исто така и според начинот на кој сме социјално осмислени, и на кој реплцитаме. Оваа митологија има одредена цел но не е од корист за човечките суштества и таа дефинитивно нé става во позиција, глобално, која не е благотворна за нашиот успех, гледано долгорочно, како вид.

Јас сум колективна личност, и мислам дека сите сме, и мора да почнеме себеси да се гледаме како такви. Тоа не значи дека не треба да се бориме за приватноста или за субјективноста на индивидуалниот организам, но мора да размислуваме во поширока смисла за тоа како се гледаме себеси, а таквиот проект е најдобро да се започне со самиот себеси. Затоа мислам дека Колби, кој претставува еден вид на доградба на мене, е начин како јас тоа да го сторам.

Тешко е затоа што сум препознаен и очигледно се работи за мојот личен глас и тело кое зборува, затоа сум и привилегиран. Доколку се случи нешто позитивно од постапките на Колби Келер јас лично користам. Се обидувам да споделам колку што можам со другите кои учестуваат во проектот, но овде се јавува интересен етички проблем. Тие не добиваат финансиски надоместок за тоа што го работат – а ретко и јас.

Но се обидувам да не го сфаќам мојот живот како живот на кратковид, мал, индивидуален организам, напротив сакам себеси да се гледам во поширока смисла затоа што тоа ме теши. Ме теши тоа што можам да помогнам на други во тој процес, а заедничката работа е начин тоа да се постигне за секого.

Колективната претстава за себеси очигледно претставува збир кој очигледно е прочистен од идејата за индивидуални идентитети, јасно ограничени и издвоени еден од друг. Исто така нé тера да гледаме на сексуалниот идентитет како контингентен. Додека сексуалните идентитети вообичаени се дефинираат како бинарни, одвоени еден од друг, и навидум кохерентни категории – како што е геј наспроти стрејт – тие постојано се менуваат во текот на нашиот живот, во средбите со други луѓе, места, желби и вкусови. Во повеќето случаи, она или оној што го посакуваме кога сме дваесет години сосема се разликува од она што ќе го посакаме по три децении. До кој степен сексуалниот идентитет претставува продуктивен концепт со кој се мисли и живее?

 К.К.: Се работи за тоа како ја сфаќаме историјата. Дефинитивно треба да си дозволиме повеќе нови концепти на согледување на себеси како сексуални суштества, и како суштества воопшто. Постојано го правиме тоа, веројатно токму тоа нé прави луѓе: создаваме огромно количество на култура која радикално ја оформува нашата средина. Понекогаш поуспешно, понекогаш не толку успешно.

Но за да го правиме тоа мора да ја почитуваме историјата, од каде потекнуваме и како сме стигнале до овде. Тоа значи почит кон тоа што овие категории сами по себе повлекуваат, без разлика во каква форма се практикуваат или како се одобруваат. Потребно е да имаме разбирање бидејќи неизбежно сите ние така функционираме, а сето тоа е проследено со голема доза на компликации од одредени сфери на нашето општество. Луѓето имаат корист доколку одредени нешта кај нив останат неизменети, и ќе дадат сé од себе да го спречат разрешавањето на тој процес – и покрај тоа што вообичаено некако се решава.       

Извор