16 Jan Геј свештеник ќе ја тужи Црквата на Анлија откако двапати беше одбиен да стане епископ поради неговата сексуалнa ориентација
Најстариот британски геј свештеник се закани дека ќе ја тужи Црквата на Англија доколку не го прогласи за епископ.
Свештеникот Џефри Џон, кој мометално раководи со црквата Св. Албан, двапати досега не бил одбран да биде епископ поради неговата сексуалност. Доктор Џон се наоѓа на целибат во приватно партнерство.
Педесет и осум годишниот Џон беше приморан да го откаже примањето на титулата Епископ на Рединг во 2003-та поради неговата сексуална ориентација, а во 2010-та година беше блокиран од страна на пост-епископот на Саутварк.
Весникот Сандеј Тајмс објави дека Д-р Џон ја најмил Алисон Доуни, една од водечките правници и ексепрти во Британија за Законот за еднаквост, да го води неговиот случај. Весникот тврди дека сега тој повеќе не е личност која се интересира да стане епископ, туку дека сака да го искористи неговиот случај во кој се бори против дискриминација за да им овозможи на други геј свештеници да добијат унапредување.
Тајната информација на Колин Сли, претходниот раководител на Катедралата Саутвакр може да се покаже како критична за овој случај. Во неа се вели дека Д-р Роуван Вилијамс, Архибискупот од Кантенбери, најпрво го поддржал изборот на Д-р Џон за епископ на Рединг во 2003-та, но потоа лично го блокирал. Се вели дека Д-р Вилијамс и во 2010-та, исто така, го подржал унапредувањето во епископ на Д-р Џон, но потоа пак лично го блокирал.