Рик Санторум ќе се обиде да биде „добар татко“ на геј син

Рик Санторум ќе се обиде да биде „добар татко“ на геј син

Додека геј правата продолжуваат да бидат тема на дискусија помеѓу Републиканските кандидати за претседател на САД, на дебатата на Ен-би-си минатата недела Мит Ромни и Рик Санторум дадоа впечатливи изјави.

 

 

Запрашан како го користел својот глас за да влијае врз Репуликаците по прашањето на геј правата, Ромни изјави дека тој секогаш се залагал за антидимискриминаторски политики, но секогаш се противел на еднакви права на брак.

 

 

Политиката на поранешниот гувернер на Масачусетс со која се промовира нешто што тој го нарече „полни права“, но не и еднаквост на бракот, беше критикувана од одредени коментатори кои ја сметтат за неконзистетна.

 

 

Запрашан кога последен пат зборувал за проширувањето на геј правата, Ромни одговори „Токму сега“. Тој доби аплауз од публиката кој траеше единаесет секунди.

 

 

Малку подоцна, запрашан како ќе се чувстува доколку неговиот син направи „кам оут“, Рик Санторум изјави „ Ќе го сакам исто како толку како и претходно, и ќе направам се што можам да бидам добар татко“.

 

 

Санторум во минатото е познат по тоа што се залагаше за „мрази го гревот, сакај го грешникот“ политика во врска со хомосексуалноста.

 

 

И двајцата кандидати се потписници на Преседатеслата заклетва 2012 на Националната организација за брак, со која се дава подршка за национален уставен амандман со кој ќе се забрани геј бракот и стопирање на државните судии да ги укинат дискриминаторските закони за брак.