11 Jan Глобално 200 милиони лица употребуваат дрога
Според истражувањето на група австралиски научници, на глобало ниво над 149 до 271 милиони индивидуи на возраст помеѓу 15 и 64 години употребувале нелегална дрога барем еднаш во животот во 2009-та на . Во просек едно од дваесет лица на Земјата употребувало марихуана, анфетамини, кокаин и опиоиди во 2009-та.
Но, истражувачите предупредуваат постои можност оваа глобална бројка да е пониска од реалната, бидејќи во истражувањата луѓето не сакаат да признаат дека употребуваат дрога, а исто така податоците од сиромашните земји се ограничени.
Марихуаната и хашишот се наоѓаат на врвот на листата со некаде помеѓу 125 и 203 милиони корисници на глобално ниво во 2009-та. Највисоките бројки се забележани во Северна Америка, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд.
Во Северна Америка, близу до 11 насто од населението на старост помеѓу 15 и 64 користело канабис таа година. Помеѓу 14 и 56 милиони луѓе на возраст помеѓу 15 и 64 глобално користеле стимуланси од типот на анфетамини, вклучувајќи го и спидот и кристал метот.
Коканиот бил на највисока позиција во Северна Америка, а глобално имало помеѓу 14 и 21 милион корисници.
Употребата на опиоиди, вклучувајќи го и хероинот, се пресметува на бројка помеѓу 12 и 21 милиони корисници на глобално ниво. Највисоките бројки биле забележани на Блискиот и Средниот Исток, каде што околу 1,4 насто од населението на возраст помеѓу 15 и 64 пробало ваков вид на дрога барем еднаш во таа година.