Гувернерот на државата Вашингтон ќе даде подршка за геј бракот

Гувернерот на државата Вашингтон ќе даде подршка за геј бракот

Дваесет и вториот гувернер на државата Вашингтон, Кристин Грегоир, е спремна да ја најави својата подршка за законот со кој ќе се воведе еднаквост на браковите помеѓу геј двојки во државата.

 

Ројтерс објави дека според извори запознаени со нејзината одлука, највата на Грегоир ќе биде искористена како знак за подршка за новите закони.

Најавата ќе биде дадена пред почетокот на новата сесија на државните законодавци на која Демократите најавија дека ќе го претстават новиот закон за еднаквост помеѓу браковите.

Во 2009-та, државата Вашингтон усвои закон за геј граѓаните со кој се дозволија граѓански партнерства, кој беше подржан со 53 насто „за“ и 47 насто „против“ на јавен референдум.

 

Референдумот претставуваше прв случај во кој граѓаните на една држава гласале за прошираување на правата на лицата кои се во геј врски.

Со него на домашните партнерства им се одобри правото на отсуство при боледување на партнерот и права во врска со посвојување, старателство, како и право на наследство.

Во април минатата година, гувернерот Грегоир, која е Демократка, потпиша закон со кој легалните истополови бракови склучени надвор од државата имаат исто важење како домашните партнерства во Вашингтон.

Во моментов, шест од педесетте држави во САД, вклучувајќи го и Вашингот Д. Ц. Имаат закони за геј бракови. Индијанското племе Сукуамиш кое е лоцирано на територијата на државата Вашингтон ги признава геј браковите.