Покана за промоција на нашата нова публикација ’(Хомо)Сексуалноста во образованието во Република Македонија’

Покана за промоција на нашата нова публикација ’(Хомо)Сексуалноста во образованието во Република Македонија’

Ни претставува посебно задоволство да ве поканиме на промоција на нашата нова публикација ’(Хомо)Сексуалноста во образованието во Република Македонија’, која ќе се одржи на 23-ти декември, 12.00 часот, во хотел Holiday Inn.

 

Публикацијата опфаќа детални анализи на курикулумите и официјалните учебниците во македонското средно и високо образование, а по однос репрезентацијата на нехетеросексуалните идентитети и практики во учебниците од средно и високо образование, како и прашањата поврзани со хомофобијата како имплицитна/експлицитна хегемониска и дискурзивна стратегија на нееднакви односи на моќ инскрибирана во процесите на продукција и дисеминација на знаења во рамки на образовниот систем во Македонија. Анализите опфатени во публикацијата се направени од врвни академски експерти од Македонија и Регионот, од областите на социолошките и правните науки, психијатријата и психологијата, и филозофијата и етиката, вклучително: проф. Катерина Колозова, Прим. Д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ, проф. Беким Кадриум, Д-р Георги Медаров (Бугарија), Д-р Снежана Врангалова (Корнел Универзитетот, САД), и М-р Жарко Трајаноски.

 

Промоцијата на публикацијата ќе биде проследена со кратка панел дискусија на која учество ќе земат: претставник на Бирото за развој на образование, претставник на Педагошката служба при Министерството за образование, Жарко Трајаноски, Георги Медаров (Бугарија) и прим. Д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ.

 

Вашето присуство на промоцијата и панел ќе претставуваат посебна чест и задоволство за нас, како и знак дека сите заеднички стоиме против дискриминаторското образование, а во заложба за образование засновано на суштинските демократски принципи и современи сознанија во науката.