10 Dec Субверзивна сексологија!: Разговор со Eни Спринкл!
Автор Дејвид Енсмингер (David Ensminger) 5 декември 2011
Веќе четири декади, Eни Спринкл, мешавина од божица, ревносна панкерка и авангарден теорист претставува иконска хероина на телесната политика во Америка, самостојна личност која го воздига сексуално позитивниот феминизам, субверзивните перформанси и смело се залага зa квир слобода и достоинство. Нејзината работа, како и нејзиното тело биле допирани, дискутирани, деконструирани и анализирани насекаде, од одмерените академски ходници до развратните театари. Таа успеа да опстои низ годините на проституција и порнографски филмови, сексуални семинари и уметнички настани и докторски дисертации и рак на дојка.
Заедно со нејзината сопруга и долгогодишен соработник Бет Стивенс, во моментот ја коваат рамката на „Сексологија“ (Sexecology), нов, смел, разигран и контроверзен еколошки проект. Минатиот месец комунициравме преку електорнска пошта зa да откријам повеќе за нејзината најнова страст, вознемирување на нормите и поставување ново уметничко тло како неуморна, самопрогласена „мултимедијална курва“.
* * *
Заедно со една либерална феминистка на којашто ѝ се допаѓаа твоите поранешни текстови го разгледавме твојот Ecosex Manifestо, и таа го опишува како еколошки/зелен кич. Бидејќи веќе Ве опишуваа како олицетворение на корените на постмодернизмот во „железна, имитациона и дрска двосмисленост” (според Габриел Коди/Gabrielle Cody во воведот на Hardcore from the Heart: The Pleasures, Profits and Politics of Sex in Performance, Continuum, 2001), дали постои ризик дека луѓето ќе гледаат на Ecosex едноставно како на уште еден простор за перформативна уметност—разиграност и игра посветени на екологијата и њу ејџ мантрите, Earth First и академскиот свет- на сметка на неодложните проблеми поврзани со животната средина?
Ти благодарам што ми ја пренесе искрено реакцијата на твојата либерална феминистка. Ме потсети на периодот кога работев на нешто што го нареков „пост-порно“, кога деконструирав дел од мејнстрим порнографијата којашто го имав снимано. Сите велеа „не е еротско“. Секако, и не беше. Тоа беше коментар на еротското, на порнографското. Не беше еротика, ниту порнографија.
Бет и јас имаме за цел да го направиме движењето за животната средина посекси, забавно и разнобразно. Да го зачиниме со квир, да додадеме малку хумор и експерименти. Не е толку поразлично од она што го правев во мејнстрим порнографијата. Порното почна да станува здодевно, или, ако милувате, еднодимензионално. Затоа, го зачинив со хумор, се зезав со него. Сепак, притоа бев мртва сериозна, навистина. Хуморот ја смалува дозата на лекарствата.
Ги обожувам активистите за животна средина, и движењето за животната средина воопшто, и сериозно размислувам на таа тема, но сепак никогаш не почуствував дека припаѓам таму. Каде би ги сместиле курвите, трансвестите и буч девојките во движењето за животната средина? Ако сакаме да ја спасме животната средина ќе ни бидат потребни секаков вид на луѓе. Секакви идеи. Ја менуваме метафората за Земјата како мајка, во Земјата како љубовник. За многу луѓе тоа е навистина добра идеја.
Се чуствував одделена од природата се дури не сфатив дека ништо не ме спречува да ја еротизирам природата. Дека Земјата може да ми биде љубовник. Тоа ме поврза повторно со природата. Барем во исто време дискутираме за сексуално позитивните и геј движења. Имаме знаме, манифест, екосекс симпозиуми, маршеви, старлети, итн. Зошто активизмот за животната средина мора да биде толку стрејт?
Ме потсети на периодот кога го направив првиот трансродов „од жена кон маж“ (F2M) порнографски филм, а F2M заедницата на западниот брег ме критикуваше со изјавата, „Треба да се покажеме во најдобро светло“. Тоа значи дека порнографски филм во кој учествуваат F2M кои се диви и секси не е во ред. Додека денес постојат неколку F2M порнографски ѕвезди кои се екстра популарни. Така што, да, се забавуваме со темата за животната средина. Многу од активистите се изгореле и страдаат во голема мера. Дури и го дале сопствениот живот за Земјата, сиротите.
Сакаме да ги заведеме луѓето, да ги поттикнеме да се грижат за Земјата предизвикани од желба, игра. Не од тешка работа.
Доколку го разгледаме Вашиот игран уметнички настан Big Nudes Descending a Staircase, се чини дека упатувате не само на делата на Дишан и сопственото рано искуство со перформансите во флукус стил, но и критичката телесна слика во „Year of the Belly“. Бидејќи особено Америка ги смета крупните тела за патолошки и ги милитизира фитнес режимите, дали мислите дека перформансот треба да го обработи ова?
Нашата тежина се менуваше во голема мера, во зависност од патување, ниво на стрес и фазите низ кои минуваме. Кога прилично се здебеливме, облеката не ја соблековме долго време.
Но, кога пристигнавме во Франција наидовме на прекрасни скалила, така што едноставно моравме да се соблечеме и да се симнеме голи по скалите. Најмивме некого да нè сними. Потоа, ја зголемивме снимката и ја проектиравме на два ѕида во уметничка галерија. Две џиновски жени се симнуваат кон гледачите, стапките се слушаат многу гласно.
Почуствувавме дека ги имаме совршените тела за уметнички перформанс. Секако, нашата култура во голема мера има фобија кон дебелината. Така што, да, ако обработуваме/критикуваме провокативни теми, и ги обработиме негативните телесни стереотипи, мора да се соблечеме голи. Исто така се соблековме во театарското дело, Dirty Sexecology; 25 Ways to Make Love with the Earth. Водевме љубов во две купчиња ѓубре. Беше валкано. Јас имав 100 килограми, а Бет, којашто е ниска, имаше 86! Успеавме да ги надминеме сопствените телесни комплекси преку уметноста, и тоа со нашите политички мотивации.
На крај сепак ослабнавме, затоа што големата тежина не беше пријатна, ниту здрава. Сè е во ред. Нашите тела се совршени за перформативна уметност. За модни ревии, не се.
Hairotica е емотивно и моќно истражување на последиците од хемотерапија, верноста на љубовниците и изменетата убавина- која што ја насловивте како „scissorly love” и „cancer erotica”. Повеќето од моите студентки треперат од помислата на бричење или губење на косата, години откако Шинејд О`Конор докажа дека ќелавоста е убава. Дали делото во главно се фокусира на фетишот ќелавост (или третманите за оддржување на коса), еманципирање на еротиката среде исцрпувачки болести или љубов и духовна моќ?
Би рекла дека се фокусира на љубовта, бидејќи Бет и јас посветивме седум години на создавање уметност за љубовта. Изработувањето на уметнички проекти од рак беше навистина забавно. Се зезавме. Ни помогна полесно да го надминеме сето тоа. Рак на дојка, хемотерапија, радиација, сето тоа беше боза, затоа што создававме нешто од нив.
Секако, ја имавме можноста да се забавуваме затоа што ракот беше само во втора фаза. Сигурна сум дека во многу полоши случаи е пеколно. Нашата Hairotica исто така беше и критика за она што се смета за секси. За мене е секси кога некој ќе допре до моето срце. Кога бев проститутка, не паѓав на младите згодни парчиња, туку на клиентите кои ќе ми го допреа срцето на некој начин – паѓав на оние што беа предизвикани на повеќе начини, социјално некадарните, `грдите` и срамежливите. Тоа ме палеше.
Колажите со рак на дојка (The Breast Cancer Collages), коишто се поврзани со Hairotica, го припојуваат светот на твоето минато како старлета со артефактите на медицинско-индустрискиот комплекс, како што се скенирањата со магнетна резонанца. Тој вернакуларенслој, односно концпетуално урамување, ја центрира историјата на Вашето тело на многу ранлив и експлицитен начин. Габриел Коди еднаш Ве нарече „раскажувачка чие тело е нејзиниот текст“ во Hardcore from the Heart, па дали ова го сметате како едно од Вашите најсериозни дела- телото како текст, болно и заздравено/повторно родено?
Сакам да ги измешам работите. Да спарувам работи кои вообичаено не се спаруваат. Така, Бет и јас ја искомбиниравме постарата жена, медицинизираната дојка, со младата еротизирана дојка. Не гледам на тоа како на сериозно дело, туку како на поигрување со сериозна тема. Телото како текст?
Не знам како да одговорам на ова. Навистина, колажите раскажуваат приказна. При осмата доза на хемотерапија се облековме во маски и ги замоливме медицинските сестри и другите пациенти да нè сликаат. Организиравме хемо-модна ревија, на којашто ние учествувавме. На луѓето навистина им се допадна. Изненадени се од фактот дека можеме да се смееме и да си играме, наместо ракот да го сфатиме сериозно. Да, сериозно е, но зошто да не се забавуваме. Моето мото отсекогаш било „еротизирај ги нештата“. Дури и ракот на дојка.
Нина Хартли еднаш ми рече дека е „тројански коњ за квир културата“. Следејќи ја линијата на Вашата кариера, почнувајќи од порнографските филмови во 70тите-80тите, коишто проучуваат железни табу аспекти на индустријата за задоволство, до експериментите во Љубовната уметничка лабораторија, коишто го проучуваат додворувањето и венчавките, вештачкото оплодување и болестите во квир културата, истата фраза како да ги покрива и Вашите провокативни карактеристики. Дали се гледате себеси како некој вид на тројански коњ за овие теми, способна да се бори со предрасуди, војни и суровост на начин којшто ги разоружува луѓето како резултат на Вашата работа, популарност и отвореност?
Многу внимателно и љубезно од Ваша страна. Во суштина, јас го споделувам мојот живот со другите, за во исто време и да научам и да подучувам. Конечно, се работи за учење. Јас ги изнесувам работите на виделина, добивам повратни информации од луѓето и го земам тоа што ми се допаѓа, а останатото го оставам.
Токму заради оваа причина се забавувам и со Facebook. Тој претставува вистинска алатка за истражување на пазарот.Им поставувам прашања на моите пријатели на Facebook и од нив учам многу. Понекогаш ги подучувам. Перформативната уметност секогаш претставува лекција за мене, а луѓето понекогаш ми кажуваат дека научиле по нешто. Не знам дали се раѓа нешто добро од моите дела или допринесуваат за некаква разлика, но таквиот начин на живот е убав. Мислам дека имам голема цел, се обидувам да го направам светот малку подобар, барем онака како што јас мислам.
Имав совршен живот. Би било супер ако сум успеала да им ги отворам срцата и умот на луѓето. Сепак, не секогаш сум радосна, популарна или отворена. Понекогаш сум. Но, понекогаш не сум.
Дали мислите дека уапсените жени во Храмот на божицата во Феникс, Аризона, наликуваат на концептот на Шенон Бел во Reading, Writing, and Rewriting the Prostitute Body (Indiana University Press, 1994): „проститутките како сексуални лекари, божици, наставници, политички активисти и феминистки“?
ДА!!! Апсолутно. Од моја перспектива, ова навистина претставува возбудлив пресврт на настаните во движењето за правата на проститутките. Полицискиот претрес навистина отвори многу теми, разговори, поделби и драма во разни заедници. Јас мислам дека треба да ги поддржеме „Божиците“ во овој тежок правен процес, заради фактот што обвиненијата се засновани на проституција. А законите за проституција се толку злобни, елитистички… владата е најголемиот макро, заработуваат многу пари со казнување на курвите.
За уапсените лица, без сомнение се работи за религиозна пракса, а не за проституција. Затоа избегнуваат контакт со организации која ги застапува правата на сексуалните работнички. Затоа, курвите не сакаат да ги поддржат. Тие се тантра луѓе кои не сакаат да ги поддржат работничките во Храмот на божицата во Феникс заради тоа што мислат дека тие воопшто не практикувале тантра и носат лош публицитет за севкупниот имиџ. Навистина е шокантно за мене дека толку многу тантрички заедници имаат фобија кон курвите.
Божиците не се гледаат себеси како курви. Курвите сметаат дека религиозните курви ги понижуваат и затоа не сакаат да имаат ништо со Божиците. Грозно. Од моја перспектива, се носи на виделина она што било скриено и за што не се зборувало до сега (фобија од курви) и може многу да се научи од ова. .
Неодмнешните полициски претреси во Храмот на божицата во Феникс се болни за голем дел од заедницата. Оваа состојба навистина покажа како повеќето луѓе гледаат на сексуалните услуги и на светиот секс.
Навистина е фасцинантно, еден ден ќе напишам одлична книга, шоу и филм. Се надевам дека наскоро обвиненијата ќе ги отфрлат. Но, полицијата изврши шестмесечна прикриена истрага. Вложија многу во овој случај и сакаат да ги осудат божиците. Обвиненијата за проституција и не се толку страшни. Проблемот лежи во обвиненијата за подведувањеи заговор.
Пред многу години бев уапсена за „содомија“ и „заговор за содомија“, затоа што имав секс со жена сопротеза за нога. Таа ја употреби нејзината протезаза да пенетрира во мене. Една година потоа сите обвиненија беа отфрлени, но секако по многу врева и пари.
Страшно е кога луѓе што мислат дека знаат подобро ќе ти ја одземат слободата. Тие не се жртви! НИТУ ЕДЕН ОД НИВ.
Содомијата беше дефинирана како „гнасен подол чин спрема природата“. Можам да ве уверам дека воопшто не го чуствував тоа. Се работеше за чиста љубов и убавина. Сепак, проституцијата е легална во САД, во делови од Невада. Се чини дека добро фукционира таму. Зачудена сум што проституцијата сè уште не е декриминализирана во САД.
Кога почнав да се занимавам со порнографија, ако те фатеа на дело, со сигурност те апсеа и осудуваа. Сега е легално. Но, верувајте ѝ на една стара порнографка ѕвезда и курва, не постои голема разлика. Камерата не го менува фактот дека луѓе имаат секс во размена за пари. Можеби постојат и други причини, забава, внимание, креативност, па да, дури и уметност. Ако порнографијата се сфати како народна уметност.
По 28 години поминати во сексуалната работа, сè уште сум фасцинирана. Секогаш може да се научи нешто ново, секогаш постои мистерија, еволуција. Два чекора напред, еден назад. Два чекора напред…