Сексуалните работници спремни да плаќаат данок

Сексуалните работници спремни да плаќаат данок

(Бахами) -Претседателот на Карипската Асоцијација на Сексуалните Работници, Мириам Едвардс, вели дека сексуалните работници од регионот се спремни да плаќаат данок доколку нивните влади започнат да ја признаваат нивната професија.

– Ние сме спремни да плаќаме даноци доколку тие ни го овозможат правото да работиме и доколку ја прифатат сексуалната работа како професија – изјави таа на овогодишната ХИВ конференција која заврши вчера во Атлантис на Бахамите.

Едвардс додаде дека сексуалните работници сакаат да плаќаат данок за да можат да имаат пристап до бенефициите за кои други работници се подобни да ги добиваат.

– Ние не сме спремни да престанеме да ја работиме сексуалната работа и не сакаме никој да ни кажува дека треба да престанеме. Ние само сакаме нашата работа да биде прифатена исто како што е прифатена професијата на полицајците или медицинските работници – изјави таа.

 

Едвардс, која гордо тврди дека ниту едно од нејзините деца не ги следело нејзините стапки, вели дека начинот на кој ќе се спречат младите луѓе да бидат дел од секс-индустријата е преку овозможување на соодвентна подршка од родителите.

– Кога зборуваме за спречувањето на младите да бидат дел од секс индустријата мораме да се осигураме дека нивните родители се живи и присутни кога им е потребна подршка, бидејќи постојат многу родители кои живеат со ХИВ и не можат да работат, а нивните соседи кои им даваат ориз и брашно ќе започнат да имаат секс со нив на нивната тринесетгодишна возраст – вели таа.

 

Едвардс во исто време побара да бидат обезбедени поголеми фондови за потребите на сексуалните работници.