20 Nov 20 ноември – меѓународен ден на сеќавање на трансродовите жртви
Денес, 20 ноември, е меѓународен ден на сеќавање на трансродовите жртви.
Ширум светот се организира и Transgender Awareness Week за зголемување на видливоста на трансродовите луѓе и сите кои не се конформираат со традиционалните родови улоги, и за адресирање на проблемите со кои се соочуваат луѓето од овие заедници.
Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви е започнат од Гвендолин Ан Смит како бдеење во чест на Рита Хестер, трансродова жена која била убиена во 1998 година. Со бдеењето била оддадена почит на сите трансродови луѓе кои го загубиле животот таа година, и едновремено започнал да се бележи овој ден на сеќавање.
Преземено од GLAAD.