18 Nov „Заокружи 20“ – Онлајн кампања за промоција на Протоколот
Од денес почнува онлајн кампањата „Заокружи 20“ за промоција на Протоколот за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.
Протоколот е изработен во рамки на проектот Унапредување на владеење на правото за ЛГБТ граѓаните во Македонија, остварен од ХЕРА, Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и Комисијата за заштита од дискриминација, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.
„Овој проект е вистински исчекор во унапредувањето на човековите права на ЛГБТИ луѓето“ – Душко Миновски, претседател на Комисијата за заштита од дискриминација
Протоколот е достапен на македонски и албански, а можете да го преземете од блогот на кампањата. Исто така, на следниов линк може да поднесете онлајн претставка до Комисијата за заштита од дискриминација .