12 Jun И јас имам право на третман и хуман однос
„Јас сум Саше. Без родителска грижа сум. На 8 години почнав да инјектирам хероин. Претходно инхалирав лепак и солвенти. Вработените во „ХОПС“ го направија првиот контакт со мене и со уште 76 деца кои употребуваат дроги, од кои 32 се контактирани од јануари 2014 до сега. Има и детенце кое е 3 години и инхалира лепак. Три дечиња кои „ХОПС“ ги контактираше се починати од 2011-2012 година. Според податоците добиени од центрите за превенција и третман на лица кои употребуваат дроги во последниве три години нема ниту едно дете под 18 години кое е на третман со метадон и бупренорфин.
Во Македонија не постојат точни податоци колку деца употребувале дроги. Податоците со кои се располага доаѓаат или од терен (земени од лицата кога ќе не сретнат кои работатат со проблематиката за зависности од дроги) или од истражувања кои се направени со средношколската популација.
Мојата приказна и проблем се и проблем и на другите деца кои користат дрога, ќе ви ја раскажам заедно со идните видеа.“
Здружението „ХОПС-Опции за здрав живот Скопје“ започнува со видео кампања “И јас имам право на третман и хуман однос“поддржана од 17 здруженија на граѓани: Прва детска амбасада во светот „Меѓаши„, „Здружение за заштита на правата на детето“, „Црвен крст на Република Македонија“, „Национален младински совет на Македонија“, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, „ХЕРА“, „ХЕЛП“ – Гостивар, „Опција“- Охрид, „Пулс“ – Куманово, „Центар за развој и унапредување на јавниот живот“ – Тетово, „Виа Вита“ – Битола, „Зона – Кавадарци“, „Младински клуб “ – Штип, „Ц’дрим“, „Сумнал“, „Ромски ресурсен центар“ и „Ц.С.И. Надеж“. Кампањата е со цел да се запознае јавноста со оваа проблематика со која се соочуват децата корисници на дроги.
Според истражувањата на ЕСПАД во 2012 година, 8,7% од испитаните деца користеле марихуана во текот на животот; 3,75% употребувале екстази; 2,18% имаат користено инхаланти; хероин 0,6 %; дроги инјектирале 0,6%. Оваа година во тек е ново истражување на ЕСПАД кое треба да ни ја претстави сегашната состојба.
преземено од: www.hops.org.mk