OОН ја одби руската резолуција и прифати да им се доделат бенефиции на сопружниците на геј службениците

OОН ја одби руската резолуција и прифати да им се доделат бенефиции на сопружниците на геј службениците

Организацијата на Обединети Нации ќе им овозможи поголеми бенефиции на сите сопружници на OОН службениците кое се легално венчани со што пропадна планот на Русија и другите опонети на брачната еднаквост. Во моментот, семејните бенефиции за службениците на ОН се одредуваат според земјата на потеклото. Планот на Генералниот секретар Бан Ки Мун ќе им овозможи да им бидат доделени семејни бенефиции на сите службеници кое се легално венчани без разлика дали постојат закони за истополов брак во нивните земји.

 

 

Гласањето кое се одржа во комитетот за буџет на генералното собрание беше клучно за целата ситуација, затоа што ќе мора да се одобри дополнителен буџет за новите бенефиции. Заменикот порпарол на ООН, Фаран Хак изјави дека ова значи дека одлука е оддржлива.

 

Бан Ки Мун преставува огромен поддржувач на геј правата. Четириесет и четири земји ја поддржуваа резолуцијата сонзорирана од страна на Русија со која се повикуваше планот на Бан Ки Мун да биде отфрлен. Осумдесет земји беа против, а триесет и седум воздржани. Руската резолуција беше поддржана од страна на многу арапски и муслимански земји, но од и Кина, Индија и Зимбабве.

 

Членките на Европската Унија и Соединетите Америкакски Држави силно лобираа против руската резолуција и им олесна откако таа беше надгласана.

 

Извор: LGBTQ nation