04 Mar Една третина од сексуалните работници/чки во Велика Британија имаат факултетска диплома
Според едно неодамнешно истражување, околу четириесет проценти од сексуалните работници/чки во Велика Британија имаат факултетска диплома.
Во студијата во која беа користени информации од британски сексуални работници/чки кое не биле жртви на трговија со луѓе туку одбрале самите да се занимаваат со оваа професија, беше објавено дека тресет и осум насто од сексуалните работници/чки имале диплома од прв циклус на студии, а седумаесет насто биле на последипломски студии.
Истражувањето беше спроведено од страна на истражувачки тим од Универзитетот во Лидс и вклучуваше двесете и четириесет сексуални работници/чки, од кои сто деведесет и шест биле жени, дваесет и осум мажи и дванаесет биле трансродови лица.
Повеќе од седумдесет насто од испитаниците/чките претходно работеле во здравството, образование или во невладиниот сектор, се вели во студијата. Околу триесет и три насто претходно работеле во малопродажбата.
Студијата исто така беше фокусирана на причините зошто испитаниците/чките започнале да работат во секс индустријата. Една од испитаничките рекла дека не можела да си ги исплаќа кредитите заработувајќи педесет фунти дневно во јавното здравство.
Студијта откри дека сто и тринаесет испитаници/чки биле жртви на криминал, вклучувајќи силување и кражба, а околу осмудесет и шест добивале заканувачки пораки, повици и електронска пошта.
Главниот истражувач Д-р Тила Сандерс заклучи дека на сексуалните работници/чки треба да им се дозволи да работат на легален начин за да си ја осигураат својата безбедност.
Извор: RT