Вакцина за ХИВ тестирана кај мајмуни ги декативира вирусните клетки

Вакцина за ХИВ тестирана кај мајмуни ги декативира вирусните клетки

Едно неодамнешно истражување за ХИВ вакцина кое беше спроведено врз мајмуни беше прогласено за мошне успешно откога третманот што го употребиле ги деактивирал сите видови на вирусот, а исто така и ја спречил и инфекицијта.

 

Истражувачите развија третман врз база на протеин кој кога им бил даден на мајмуни делувал како „вакцина“ за мајмунската врзија на ХИВ позната како СХИВ.

 

Во истражувањето било откриено дека протеинот познат како eCD4-Ig кога ќе биде внесен во телото, ХИВ вирусот не може да влезе имуните клетки и со тоа станува интертен.

 

Во статијата објавена во списанието Nature, тимот на истражувачи вели дека техниката на користење на протеинот може да „функционира како ефективна вакцина за ХИВ-1“

 

Кога протеинот бил внесен во телата на мајмуните, тој делувал и врз повторени инфекции на ХИВ.

 

„Иако има други предизвици, овие ексеперименти сугерираат дека протеионот eCD4-Ig

може да овозможи ефикасна, долготрајна и скоро универзална заштита од ХИЦ-1“, заклучиле истражувачите.

 

Иако резултатите се неверојатно ветувачки, организациите кое се борат против ХИВ-от апелираа на претпазливост.

 

Д-р Шаун Грифин, диркторот за надворешни работи на Теренс Хигинс фондацијата, рече, „Ова нов и возбудлив пристап, но се додека вакцианта не биде тестирана на луѓе, нема начин да се знае колку ќе бидат ефикасни. Иако е откриено дека вакцината делува ефикасно врз мајмуни, ХИВ е неверојатно комплексен вирус кои имаа многу карактеристики кои се уште ги осознаваме“.

 

„Иако не постои лек или вакцина, превенцијата е едниствениот начин да се заштитите , затоа ги советуваме луѓето да употребуваат кондоми и редовно да се тестираат, особено ако припаѓаат на ризична група“, смета Грифин.

 

Извор: Gay Star News