16 Feb Фотографија со руски геј пар прогласена за најдобра за 2014
Амстердам- Една атмосферична фотографија на руски геј пар која е дело на данскиот фотограф Мадс Нисен беше прогласена за фотографија на годината на доделувањето на наградите World Press Photo of the Year за 2014.
Интимната фотографија на Јон и Алекс е дел од поголем проект на Нисен со наслов „Хомофобијата во Русија“ кој e посветен на темата колку станува потешка ситуацијата на сексуалните малцинства во Русија.
На доделувањето на наградата, Нисен кажа дека тој смета дека фотографијата која била направена во Санкт Петерзбург претставува „современа приказна за Ромео и Јулија“, за две вљубени лица кои се соочени со надворешни сили кои не ја признаваат нивната љубов.
„Денеска терористите користат експлицитни слики за пропагнадни цели.Ние моравме да одговриме со нешто посуптилно, интезивно и добро осмислено“ – рече членот за жирито, Алесиа Главиано, за нејзиниот избор за најдобра фотографија за 2014.
Иако победничката фотографија претставува еден интимен момент, на напреварот беа пријавени голем број на фотографии од постоечките конфликтни зони како Украина, Сирија, Појасот Газа како и фотографии кои ја обработуваа темата на епидемијата на Ебола во Африка.
Бао Таианг од Економскиот всеник на Ченгду, Кина ја освои првата награда во спортската секција на натпреварот со фотографија на која фубдалската ѕвезда Лајонел Меси го гледа на трофејот на Светското првенство откако неговиот тим загуби од Германија со 1-0 во Рио.
На натпреварот беа пријавени околу сто илјади фотографии од страна на околу шест илјади фотографи од 131 земја во светот. Нисен беше награден со парична награда од десет илјади евра.
Извор: LGBTQ Nation