Првата полска трансродова политичарка ја најави својата кандидатура за претседателка

Првата полска трансродова политичарка ја најави својата кандидатура за претседателка

Полската трансродова пратеничка Ана Гродска ја најави својата кандидатура за претседателка на земјата. Доколку гласачите ѝ дадат доверба, тоа ќе претставува историски случај не само за мнозински католичката и конзервативна Полска, туку и глобално, затоа што ниту една трансродова политичарка досега не се кандидирала за претседателска позиција.

 

Гродска својата политичка кариера ја започнала во партијата наречена Обединети работници. Кога била избрана за пратеничка во полскиот парламент, пошироката јавност имаше сознание дека е таа е трансродова и поголемиот дел од неа очекувано негодуваше.

 

Надежта во засилувањето на левицата

 

Гродска, која е инаку претставничка на партијата на Зелените, својата позиција во парламентот одлучи да ја искористи на најдобриот можен начин залагајќи се за правата на ЛГБТ луѓето.

 

„Не е лесно да се биде трансродова личност во Полска, но го работам тоа што го работам за да ги инспирирам другите. Се надевам дека така на другите трансродови луѓе им покажам дека животот вреди да се живее“- смета Гродска.

 

Гостувајќи на една радио емисија таа изјави дека “не е луда да најавува победа“ затоа што сегашните анкети покаживаат дека таа би освоила 10 насто од гласовите. Сепак, таа верува дека тоа би било добар резултат и дека во Полска постои терен за зајакнување на левицата.

 

„Се надеваме дека енергијата које ќе биде вложена во претседателсите избори ќе биде доволна за да се иницира ново движење“ – смета таа.

 

Извор: Crol