Сао Паоло ќе им плаќа на трансродовите младинци за да одат на училиште

Сао Паоло ќе им плаќа на трансродовите младинци за да одат на училиште

Сао Паоло- Властите во најголемиот град во Бразил се надеваат дека ќе ги охрабрат трансродовите и трансвеститските адолесценти да се вратат на училиште и да го завршат образовнието нудејќи им месечен надомест.

 

Програмата која беше понудена од страна на Општинскиот секретаријат за човекови права и државјанство е наменета за да им се помогне на трансродовите адолесценти да можат самите финансиски да се издржуваат и да не се занимаваат со сексуална работа.

 

Со почеток во следната недела сто ученици ќе добијат надомест во вредност од околу 330 американски долари доколку проследат триесет часа настава во средните училишта.

 

Порпаролот на секретаијатот Лучиано Веледа реќе дека програмата на трансвеститие и трансексуалците ќе им овозможи „шанса за подобрување на нивните животи и напуштање на состојбата на економска и социјална ранливост“.

 

Бразилската асцоцијација на геј, лезбејки, бисексуалци, трансвестити и трансексуалци се уште нема дадено свој коментар за оваа програма.

 

Извор: LGBTQ nation