20 Jan Трансродовите сексуални работнички се најдискриминираната група во Кина
Според едно ново истражување, трансродовите сексуални работнички се најмаргинализираната и најдискриминираната социјална група во Кина.
Базнирана на десетмесечно истражување од страна на Азија Каталист и две кинески организации, студијата открила дека трансродовите сексуални работнички доживуваат зголемена стигма поради својот родов идентитет и својата професија.
„Тешките предрасуди претставуваат пречка дури и за наједноставните работи. Замислете како би ви било да ви се смеат кога користите јавен тоалет, да ве избркаат од дома или сами да зимате хормони затоа што докторот не сака да ве прими“ – рече Женг Јуанг, исвршем директор на Шнагај Чиншенг.
Поради тоа што сексуална работа во Кина е нелегална, полицијата претставува еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат трансродивите сексуални работнички. Испитаничките во студијата сведочеле за полициски злоупотреби, особено вербално и физичко насилство поради нивниот трансродов идентитет.
Трансродовите жени на кои во личните карти им стои дека се мажи се притворани заедно со мажи. Студијата покажа дека криминализацијата на сексуалната работа е главна пречка во спроведувањето на ефикасни ХИВ интервенции за оваа популација.
Според кинеските закони, трансродовите луѓе смеат да си го променат родовиот идентитет на нивните документи откако ќе направат операција за промена на полот. Онои кои не да сакаат да направат операција, или пак не можат финансиски да си дозволат, остануваат со лични документи кои не кореспондираат со нивиот родов индентитет што резлутира со чести јавни понижувања и бариери во пристапот на основни сервиси.
Извор: Gay Star News