Кралицата Елизабета Втора лично ќе врачи награда на геј активистка

Кралицата Елизабета Втора лично ќе врачи награда на геј активистка

Кралицата Елизабета Втора лично ќе и ја врачи наградата за активизам на една млада лезбејка од Барбадос.

 

Донја Пижо, дваесет и четри годишна девојка од Барбадос, беше избрана од групата на шеесет активисти да биде дел од инагуралната програма на Програмата за млади лидери на Кралицата.

 

Следниот јуни, основачката на Геј и лезбејки против дискриминација во Барбадос ќе лета за Лондон каде што ќе и биде врачен медал од страна на монархот на Комонвелтот.

 

Ова е важен настан затоа што кралицата никогаш  во јавност ги нема изговорено збровите геј, лезбејка, бисексуалец или трансродово лице, иако досега покажала подршка за геј прашањата.

 

„Почестена сум и среќна што ќе ја добијам оваа награда“ – рече Пижо за еден локален весник од Барбадос.

 

„Оваа награда ја признава нашата кауза. Многу луѓе од Барбадос, особено постарите, имаат почит кон кралицата, а ова се истите луѓе кое се противат на различната сексуалност и на тоа како на неа се гледа во модерниот свет. Се надвам дека ќе им помогне на луѓето да ги отворат очите и дека во тоа ќе видат нешто чесно“ – вели таа.

 

Во Барбадос хомосексуалноста е се уште нелегална и се казнува со доживотен затвор. Иако законот ретко се спроведува, се уште постои висок степен на насилство и закани врз ЛГБТ заедницата.

 

Сите шеесет добитници на истата награда кои се на возраст помеѓу осумнаесет и дваесет и девет години и живеат на територијата на Комонвлетот, работат за подршка на други лица, за кревање на свеста, за потикнување на промени во полето на различни социјални проблеми вклучувајќи го и образованието, климатските промени, родовата еднаквост и психичко здравје.

 

Извор: Gay Star News