Непал ќе ја додаде категоријата трет род во пасошите

Непал ќе ја додаде категоријата трет род во пасошите

Откако Врхoвиот суд во Непал во 2007 го призна третиот род, вчера властите во оваа земја ги најавија своите планови во пасошите да ја додадат категоријата трет род.

 

„Ги променивме правилата за пасошите и ќе ја додедеме категоријата за трет род за лицата кое се сакаат да се идентификуваат како машко или женско“ – за Ројтерс изјави Лок Бахадур Тапа, раководителот на пасошкото одделение на земјата.

 

Со оваа одлука Непал се приклучи кон групата на земји кои го признаваат третиот род на официјалните документи. Во оваа група на земји се наоѓа и Индија. Австралиските и Новозеландските граѓани можат да избираат помеѓу три рода на своите пасоши – машки, женски и неутврден кој е означен со „икс“.

 

Иако во Непал геј сексот се уште се казнува со затворска казна во траење до една година, оваа мерка претставува знак дека Хинду мнозинството во земјата станува се полиберално во времето во кое го спрема својот прв устав кој се очекува на ЛГБТИ заедницата да и овозможи поголеми права.

 

Активистите велат признавањето на дека третиот род на пасошите ќе помогне во борбата против широко распространетата дискриминација врз сексуалните малцинства во земјата.

 

„Ова е неочекуван и позитивен потег нанапред од страна на непалската влада на која сепак и требаше долго време да ги корегира документите на своите граѓани“ – за Геј стар Њуз изјави Сунил Пант, основачот на водечката организација на ЛГБТ права Blue Diamond Society.

 

„Откако корегираната исправа ќе биде формализирана, поголемиот дел од системската дикриминација ќе почне да исчезнува и луѓето со трет род ќе имаат пристап до образование, ќе можат да аплицираат за работа, да отворат бизниси, да патуваат и да поседуваат имот“ – рече тој.

 

Извор: Gay Star News