Либан бара начин да го легализира производството на канабис наменет за извоз

Либан бара начин да го легализира производството на канабис наменет за извоз

Бејрут- Минатата недела Министерот за земјоделство на Либан, Акрам Чехајеб, предложи закон за легализација на одгледувањето на канабис од чиј извоз ќе има бенефит самата држава.

 

„Спроведуваме студии за тоа како да се организира ваквиот вид на земјоделство под надзор на државата, така што државата ќе ја откупува жетвата и ќе ја извезува во земјите на кои таа им е потребна“ – изјави Чехахеб во интревју за локална радио станица.

 

„За овој земјоделски производ постои побарувачка ширум светот во фармацевтската индустрија“

 

Чехајеб рече дека државата треба да ја стопира војната против одгледувачите на канабис и треба да пронајде фунционални алтернативи.

 

„Наместо да ги гониме фармерите, ајде да најдеме други решенија“ – рече тој и додаде, „одгледувањето на марихуана треба да биде организирано на начин на кој од неа ќе има бенефит државата и индустрискиот сектор, и на некој начин да им се помогне на фармерите“.

 

Во многу сиромашни села во Либан, произвотството и продажбата на марихуаната веќе со децении претставува примарен извор на заработувачка.

 

По притисокот од страна на меѓународните донатори и странските држави, Либан организираше полициски прогон на фармерите веднаш по завршувањето на Граѓанската војна.

 

Потоа владата се обиде на имплменетира проекти за алтернативно земјоделство за да ги охрабри фармерите да одгледуваат овошје и зелечук. Меѓутоа, проектите не беа широко прифатени од страна на фармерите кои продолжија да одгледуваат канабис кое ќе им се укажеше шанса.

 

Пратениот Валид Џумблат, претседателот на Прогресивната социјалистичка партија на која и припаѓа и Чехалеб, исто така побара легализација на производството на канабис.

 

Извор: Daily Star